Чудни навики во кои ќе се пронајдете

И покрај различните карактери и однесување, луѓето сепак имаат нешто заедничко, а тоа се навиките.

cudni-naviki-vo-koi-ke-se-pronajdete-2

Дознајте кои се тие чудни навики кои ги имаме сите, а сигурно и вие ќе се пронајдете во нив:

- Проверуваме дали таксистот ни вратил точен кусур по 3 пати додека сме во такси, иако знаеме дека кусурот е точен.

- Ги набљудуваме нашите полови органи секој ден само бидејќи сме љубопитни како нашиот партнер ги доживува истите според физички изглед.

- Си намигнуваме во огледало, а понекогаш и знаеме да си испратиме краток бакнеж кога нема никој во близина.

- На патот кон клубот се огледуваме во секое едно стакло што ќе го забележиме без разлика дали тоа е стаклена врата или прозорец од автомобил.

- Секогаш ги мирисаме алиштата пред да ги фрлиме во машина, а истото се случува и откако ќе ги извадеме исперени.

- При пишување на и-мејл или порака на мобилен, истата ја проверуваме по најмалку 10 пати, но откако ќе ја испратиме.

- Секогаш кога сме во близина на места каде што знаеме дека се движи бившиот партнер и без да сакаме погледот ни шара низ просторијата.

- Пиеме откако ќе се заколнеме дека нема да го правиме тоа повторно поради лошиот мамурлук.

- Се прашуваме дали инструментите со кои забарот ни ги поправа забите се претходно стерилизирани.

- Пред спиење замислуваме како би било да боледуваме од тешка болест и го замислуваме нашиот погреб прашувајќи се колку луѓе ќе дојдат.

- Правиме опасни работи бидејќи си мислиме дека не само мачките имаат 9 животи.

- Го чепкаме носот кога мислиме дека никој не не гледа.

cudni-naviki-vo-koi-ke-se-pronajdete-1

- Пушиме цигара од нервоза бидејќи мислиме дека таа ќе не смири.

- Препрочитуваме по 10 пати една иста книга или текст во кој се пронаоѓаме.

- Пцуеме иако немаме посебна причина за тоа.

- Ги гриземе ноктите иако знаеме дека не е здраво.

- Кажуваме „Те сакам“.

Се пронајдовте?

Би можело да ве интересира:

14 навики кои ни даваат сила и енергија во животот Запознаваме нови луѓе. Ги надминуваме своите стравови. Минуваме време со луѓе ко...
Жените го имаат главниот збор, мажите го земаат нивното презимe: Интересни факти за племето Кхаси од... Мажот во куќата доаѓа како домазет, целиот имот останува на најмалата ќерка, а а...
9 забавни илустрации кои покажуваат дека со стареењето гледаме поинаку на работите Конечно знаеме како да ги распределиме финансиите, избираме практични подароци, ...
Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
Како да препознаете отровни змии и како да избегнете напад? Генерално, отровните змии имаат триаголна форма на главата, а неотровните змии и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg