12 знаци кои откриваат: Дали сте емоционално интелигентни?

Постојат најмалку 12 знаци според кои можете да ја утврдите вашата емоционална интелигенција, односно да откриете на што треба да поработите за да ја доразвиете.

12-znaci-koi-otkrivaat-dali-ste-emotivno-inteligentni-01.jpg

1. Ве интересираат луѓе кои не ги познавате

Високото ниво на интересирање и емпатија со луѓето кои не ги познавате е првиот позитивен знак кој укажува на силна емоционална интелигенција. Штом разговарате со луѓе кои се надвор од вашиот друштвен круг, се сретнувате со потполно нов стил на живот и ставови поинакви од вашите кои ви отвораат потполно нови видици во животот.


2. Ви ја препишуваат особината на добар лидер

Сите добри лидери имаат една заедничка карактеристика, а тоа е токму емоционална интелигенција. За да станат она што се, потребен им е талент, амбиции и работна етика, но без разбирање на луѓето лидерите никогаш не би успеале.


3. Ги познавате вашите слабости и предности

Самосвеста и реалното доживување на самите себе е одличен напредок во развојот на емоционална интелигенција. Ако знаете во што сте подобри, а во што полоши од останатите, веднаш сте еден чекор понапред.


4. Посветувате големо внимание на работите

Луѓето кои лесно ја губат концентрацијата за време на разговорот, размислувањето или работата, обично немаат високо ниво на емоционална интелигенција. Оваа способност најчесто се открива во раното детство затоа што е вродена, но низ текот на животот секогаш може да се подобри.


5. Кога сте вознемирени, точно ја знаете причината

Сите луѓе во текот на денот доживуваат цела палета од емоции, во кои спаѓа повремениот бес, лутина и тага. Но, ако ја препознавате причината, тогаш сте на добар пат. Ако знаете што може да ве вознемири, многу е помала веројатноста дека истото ќе го потиснувате и игнорирате, а со тоа ќе се доведете до негативно влијание на психата. Заради тоа, луѓето со високо ниво на емоционална интелигенција внимателно го анализираат своето расположение и влијаат на истото.


6. Добро се сложувате со поголем дел од луѓето

Ако ви е лесно да се спријателите и да ја одржите базата од неколку блиски пријатели, но и во секоја нова средина оставате позитивен впечаток, на добар пат сте. Добрите односи со луѓето околу вас се секогаш добар знак.


7. Важно ви е да помогнете, кога и колку можете

Сакате да создавате добри дела и да развивате идеи како да помогнете? Оптимистичкиот став и позитивното гледиште на работите се одлика на емоционално зрелите и интелигентни луѓе. Само тие знаат да гледаат на лошите работи како минливи и лесно решливи проблеми.

12-znaci-koi-otkrivaat-dali-ste-emotivno-inteligentni-02.jpg

8. Знаете да ги препознаете емоциите на туѓото лице

Препознавањето на емоциите како тага, среќа или вознемирување е важен фактор кај емотивно созреаните луѓе. Луѓето со ниска емоционална интелигенција обично ја немаат развиено оваа способност, па често се наоѓаат во непријатни ситуации во кои кажуваат погрешни зборови во погрешно време.


9. По неуспехот, веднаш станувате

Начинот на кој се однесувате по поразите и грешките ви е одличен знак за да ја процените својата интелигенција. Ако постојано некој ви е крив или постојано очајувате, тоа е лош знак. Само силните луѓе ја прифаќаат одговорноста, изнаоѓаат решенија или преминуваат преку ситуацијата доколку нема решение.


10. Добро го проценувате туѓиот карактер

Без разлика дали се работи за интуиција, искуство или знаење, луѓето со висок коефициент на интелигенција одлично го читаат карактерот на луѓето кои ги запознаваат. Тоа им помага да се оддалечат од личностите и врските во кои не гледаат иднина.


11. Му верувате на својот инстинкт

Емоционалната интелигенција е тесно поврзана со личниот инстинкт. Затоа, верувањето во „претчувствата“ кои ги имате не ве прави будали, туку далеку попаметни од останатите.


12. Знаете да кажете не

Самоконтролата е многу силна кај лицата со развиена емоционална интелигенција, па затоа успеваат да одговорат со „Не“ кога тоа е потребно. Така се дисциплинираат од нездравите навики, подобро го поднесуваат стресот и ги контролираат своите нагони и искушенија.

Во колку од знаците се препознавте?

Би можело да ве интересира:

12 работи за кои жените веќе немаат нерви кога ќе наполнат 30 години Лоша храна и пијалаци – ако во 20-тите се трпеле евтини јадења и пијалаци, по 30...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg