14 работи за кои никогаш не треба да се извинувате

Извинувањето е најмоќната работа која може да ја направите кога ќе погрешите. Но, колку пати до сега сте почувствувале дека ако кажете „извини,“ тоа нема да биде од срце, туку само од обврска?

14-raboti-za-koi-nikogas-ne-treba-da-se-izvinuvate-1.jpg

Затоа што моќта на извинувањето често знае да се злоупотреби, внимателно поставете ја границата.

За овие 14 работи во животот, никому не должите извинување:

1. Самопромоција

Слободно споделувајте фотографии од прекрасни моменти во животот и барајте помош околу проектите на кои работите. Ако имате вистински пријатели, тие ќе ја разберат важноста на самопромоцијата, а останатите слободно може да ги игнорирате.


2. Кога си ја работите работата

Луѓето често пати се чувствуваат непријатно кога имаат моќ над останатите вработени, посебно ако непосредно добиле повисока позиција. Но, никогаш не треба да се извинувате затоа што ваша работа е да опоменете или предупредите некој кога работите не се одвиваат по планот.


3. Вашите животни избори

Не сакате деца? Сакате деца пред пријателите? Сакате да се омажите сега? Не сакате воопшто да се омажите? Приоритет ви е кариерата? Вашите избори се ваше право и нив никогаш не треба да ги оправдувате.

14-raboti-za-koi-nikogas-ne-treba-da-se-izvinuvate-2.jpg

4. Кога изгледате неодоливо секси

Едноставно е - ако луѓето не се чувствуваат пријатно во ваша близина кога сте во најсекси издание, тие се оние кои треба да се погледнат во огледалото.


5. Кога не изгледате баш најдобро

Затоа што секогаш имате право да излезете со несредена коса, ако ве мрзело да се дотерувате.


6. Откажување на плановите

Има денови кога пижамите, ќебето и телевизорот се најдобрата можна комбинација, без да се чувствувате дека пропуштате нешто важно. Тоа е моментот кога си се разгалувате самите себе и го пронаоѓате личниот мир, што е многу поважно од тоа кој ќе сретнете во диско.


7. Кога сте вознемирени

Не се извинувајте само затоа што имате излив на емоции. Посебно ако ситуацијата сите ги вади од такт, а вие сте единствените кои реагираат. Потполно сте во право!


8. Кога некого ќе потсетите на нешто важно

Никој не сака здодевни прашања и потсетувања, но ако морате, не се чувствувајте лошо заради тоа. Ако на другата страна не и е глупаво постојано некој „да и виси над глава,“ тогаш не би требало да ви биде и вам, затоа што некои работи едноставно мора да се завршат.


9. Кога силно верувате во нешто

Имате уверувања кои се потполно различни од туѓите? Одлично! Никогаш не се преиспитувајте зошто само вие мислите поинаку, а најмалку што треба да направите е да се извините.

14-raboti-za-koi-nikogas-ne-treba-da-se-izvinuvate-3.jpg

10. Заради својот хумор

Ако луѓето не ги разбираат вашите шеги, не е ваша грешка. Сигурно има луѓе кои ќе се насмеат од сè срце...


11. Кога барате помош

Никогаш, ама баш никогаш не барајте помош така што реченицата ќе ја започнете со „извини, но...“


12. Кога ви е потребно време за себе

Никогаш не се извинувајте ако ги ставите личните потреби пред туѓите.


13. Имате нешто да прашате

Зарем не е многу подобро да прашате, отколку сите останати да погодуваат?


14. Кога не сте совршени во било која смисла

Погрешивте, и? Не сте создадени за да бидете совршени, но создадени сте да учите од грешките. Затоа, ако направивте една погрешна проценка, нема потреба да се извинувате по 100 пати.

Би можело да ве интересира:

8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
9 работи од кои треба да се откажете (за да живеете среќно) Откажете се од навиката судот на другите луѓе да ви диктира како да се однесуват...
25 работи за животот што посакувам да ги знаев пред 10 години Парите не се важни – точно дека ви се потребни, но не се најважната работа во св...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg