Имал вишок патики, па решил да ги искористи на најдобар можен начин

Во време кога постојано слушаме за сите ужаси што се случуваат во светот, убаво е да се знае дека сè уште има луѓе кои се подготвени да направат некое добро дело.

imal-visok-patiki-so-koi-go-napravil-najdobroto-nesto-01

Еден од тие добри луѓе на кои не им треба посебна причина за да направат добро дело е и Андреј Мекдонел, кој подарил десетина пара патики на бездомници во Њујорк.

Тој ја има основано акцијата „Од срце“, која има за цел да собира донации, најчесто обувки кои не им се потребни на луѓето или имаат повеќе кои не ги носат и да им се поделат на бездомниците кои немаат.

Секој ден после работата во продавницата „Атриум“ во Сохо, Андреј оди на станицата Grand Central Terminal на плоштадот Junior каде им ги дели обувките на бездомниците.

Сите чевли кои ги добива Мекдонел, сам ги носи во јавната перална и плаќа по 50-60 долари за да бидат чисти пред да ги подели.

До оваа идеја дошол пред 3 години, кога додека играл кошарка со другарите забележал неколку деца на улицата кои ги гледаат, но не можат да играат со нив за тоа што немаат патики. Тогаш им ги дал неговите.

Кога си одел дома го почувствувал асфалтот и секое камче на босите стапала и знаел дека мора да направи нешто повеќе.

Според него, најдобро е чувството кога ќе сретне некој од бездомниците како уште ги носи патиките кои му ги дал.

Знае дека му се благодарни, а тоа е само ситница која може барем малку да им го олесни животот.

Би можело да ве интересира:

12 работи за кои жените веќе немаат нерви кога ќе наполнат 30 години Лоша храна и пијалаци – ако во 20-тите се трпеле евтини јадења и пијалаци, по 30...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
Фотки што ќе ве изнервираат: Ужасни патници во авион кои мислат само за себе Луѓе кои гледаат филмови без слушалки, па и луѓе кои јадат варени јајца во авион...
Верувате ли дека ангел чувар нѐ следи насекаде? Знаци дека е во близина и ве чува Некои луѓе веруваат дека нивниот ангел чувар е духовно суштество кое работи за н...
Зелен чај против лош мирис и уште 6 трикови со кои чевлите ќе ви бидат удобни и ќе личат на нови Долгото одење или стоење во салонки не е секогаш пријатно. По некое време п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg