Знаете ли кога е вистинското време за секс, ужина, бричење?

Не е сеедно во кој дел од денот се бричете, праќате важен мејл, ја чистите куќата или сте закажале преглед на лекар. Распоредете ги своите дневни активности внимавајќи притоа на неколку ситници:

znaete-li-koga-e-vistinskoto-vreme-za-seks-uzina-bricenje-01

Најдобро време за мерење на вага е 7 часот

Луѓето кои секојдневно се мерат губат двојно повеќе од тежината за разлика од оние кои тоа го прават еднаш неделно. Најреална слика за себе ќе добиете ако се измерите рано наутро, веднаш по будењето и посетата на тоалетот. Не го правете тоа подоцна во текот на денот, бидејќи тежината може да варира до два килограма, зависно од тоа што сте јаделе или пиеле.


Најдобро време за бричење е 8 часот

Тромбоцитите кои помагаат во згрутчувањето на крвта кога ќе се исечеме, нејлепливи се и најмногу ги имаме рано наутро. Ако се исечете со бричот, помалку е веројатно дека ќе ви истече многу крв.


Најдобро време за одење на лекар е 9 часот

Најдобро е ако имате први закажано и да бидете таму штом се отвори ординацијата, затоа што лекарите тогаш се уште свежи, подготвени за работа и без притисок на време и други пациенти.


Најдобро време за попладневен одмор е помеѓу 13 и 15 часот

Попладневниот одмор не е само за децата и пензионерите. Кратката дремка може да ви ја подобри концентрацијата, креативноста и помнењето. Бројни истражувања покажале дека попладневното спиење за една третина ја намалува смртноста од срцеви болести. Најдобро време е во раното попладне, кога хормонот на сон мелатонин расте. Не треба да трае повеќе од 20 минути, бидејќи после тоа мозокот влегува во длабока фаза на сон, па би можеле да бидете поуморни откако ќе се разбудите.

znaete-li-koga-e-vistinskoto-vreme-za-seks-uzina-bricenje-1.jpg

Најдобро време за здрава ужина е во 15 часот

Здравата ужина може да ви го зголеми нивото на енергија и да ви даде сила да издржите до вечерта. Земете некое овошје и внимавајте да останете во рамките од 100 до 250 калории.


Најдобро време за испраќање важни мејлови е 16 часот

Телесната температура го достигнува врвот доцна попладне, што овозможува подобра координација на движењата на очите и рацете, поголема прецизност, па помалку е веројатно дека тогаш ќе пратите погрешен мејл. Тоа е најдобро време и за чистење на куќата.


Најдобро време за вежбање е помеѓу 16 и 18 часот

Од вежбите може најмногу да извлечете ако вежбате после работа, бидејќи силата и издржливоста се на врвот доцна попладне и рано навечер, покажале некои истражувања. Освен тоа, вежбањето ќе ве мотивира поздраво да вечерате.


Најдобро време за секс е помеѓу 22 часот и 1 часот

Сетилото за допир и чувствителност на кожата се на врвот доцна навечер. Додајте ја на тоа и обичната практичност, по напорниот ден и децата кои заспале, тоа е и природно најдобриот дел од денот кој паровите го имаат како време за секс. Не се плашете дека тоа ќе ви го одземе времето за спиење, бидејќи истражувањата покажале дела за повеќето луѓе, идеалниот однос трае помеѓу 7 и 13 минути.

znaete-li-koga-e-vistinskoto-vreme-za-seks-uzina-bricenje-2.jpg

Би можело да ве интересира:

10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
7 бон-тон правила за во ресторан и на свечени настани Ако сте на свечен настан со шведска маса, едната рака секогаш нека ви биде слобо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg