Еве како да пиете, а да не се опијаните

До Нова година не делат само неколку часа, а со тоа сè поблиску се прославите со кои планирате сите да ја испратите.

eve-kako-da-piete-a-da-ne-se-opijanite-01.jpg

Веројатно нема да сакате да ги извисите пријателите и цела ноќ да пиете сок и вода, но нема ни да сакате да ја дочекате 2015-та во тоалет или кревет додека ви се врти.

За да испиете малку повеќе, а да останете стабилни и на нозе, послужете се со овие трикови:

1. Не мешајте повеќе алкохоли

Прво и основно правило кое го знаете уште од средно е да не ги мешате пијалаците. Затоа пред да се опиете, добро утврдете што ќе пиете во текот на вечерта и проверете дали има доволно за да не мора да преминувате на нешто друго.

2. Одморете го црниот дроб

Црниот дроб може да преработи само мала количина алкохол во одреден временски период. Така, за 1 час може да преработи само мало пиво, 0.33dl жесток пијалак или 1 чаша вино. Затоа кренете рачна. Искусните кои маратонски пијат алкохол имаат една тактика - на почетокот пијат само 2 пијачки, а потоа само по 1 на секој час.

3. Јадете мрсно

Пијанството е всушност последица од испарувањето на алкохолот од нашето тело. Сите знаеме дека мастите пливаат по водата, па така со консумирањето на мрсна храна може да поставите препрека на пијанството.

4. Пијте минерална вода

Минералната вода содржи јаглерод диоксид кој не заштитува од алкохолните испарувања кои ни го матат мозокот. На тој начин, можете дури да го преполовите дејството на алкохолот.


Совет на годината

Еден од основачите на компанијата „ Boston Beer “ ја откри својата тајна како успева да испие повеќе од сите, а да остане стабилен. Тајната е во обичниот квасец.

Пред секоја пијанка тој јадел по 1 лажица активен квацес за секоја чашка која планира да ја испие. Ако ви е полесно, квасецот може да го разредите во јогурт.

Квасецот го разградува алкохолот во организмот, така што не стигнува да испари и да ве удри во глава кога најмалку очекувате.

На здравје!

Би можело да ве интересира:

8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...
Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
Изберете една тарот карта и дознајте што ве очекува во мај Сонце, свет или тркало на среќата? Тарот картата што ја избравте ќе ви открие шт...
Позитива на денот: Празнични фотки што ќе ви го подобрат расположението Маж кој им ги платил сметките за струја на 36 семејства, брачен пар кој секоја г...
8 секојдневни работи кои (речиси) сите ги правиме погрешно Дали нанесувате маска или регенератор дури и на корените на косата? А, каде го с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg