6 начини да се одморите по напорната недела

Кога ќе се помирите со тоа дека животот е тежок, хаотичен и често непредвидлив, сè ќе биде полесно. Наместо постојано да се прашувате „Зошто?“, понекогаш запрашајте се „Што сега?“ и сочувајте си ја енергијата.

6-nacini-da-se-odmorite-po-napornata-nedela-01.jpg

А кога работната недела ќе ве измори, применете ги овие трикови:


1. Дишете длабоко

Застанете на секунда, замижете и дишете длабоко. Така ќе се смирите и ќе престанете да размислувате за сите состаноци и обврски, барем на неколку минути.


2. Ако не стигнете да направите нешто, запрашајте се дали е неопходно

Ако не успеавте сè да завршите и потпишете во петокот, запрашајте се, дали е во ред ако тоа го направите во понеделник? Повеќето работи кои ви се чинат итни, всушност, и не се толку многу.


3. Движете се

Не поминувајте многу време седејќи. На секој час станете и протегнете се, па прошетајте. Доволни ви се 5 дена во неделата „заковани“ за столче.

6-nacini-da-se-odmorite-po-napornata-nedela-02.jpg

4. Направете барем две добри дела

Направете нешто за што нема да очекувате пофалба и нема да имате корист од него, а го сакате. Дарежливоста е одлична особина, како за другите така и за вас лично.


5. Направете нешто убаво за себе, почестете се

Не мора да е нешто големо, но добро е да се изненадите со некоја ситница барем за време на викендот. Понекогаш, ќе бидете многу посреќни ако отспиете 2 часа повеќе, или прочитате неколку страници плус од омилената книга.


6. Смејте се

Секогаш барајте причина за насмевка, посебно кога сте слободни. Гледајте смешни слики и видеа, шегувајте се и искористете го секој момент за да се направите посреќни.

Би можело да ве интересира:

8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
„Губење“ време и уште 9 работи што сите треба да ги правиме почесто Денес, кога сè околу нас се случува пребрзо и неретко немаме ни време да здивнем...
Непријатни промени што мора да ги направите во 20-тите години ако сакате исполнет живот Сите се свесни дека ако сакат да си го подобрат животот, мора да направат некои ...
12 трикови што треба да ги знаете – ќе ви го олеснат секојдневието За да не ви се „распадне“ кашкавалот додека го рендате, прво ставете го во замрз...
Кул трикови што ќе ви се најдат кога престојувате хотел Испеглајте ја облеката со пареа во бањата, а доколку треба да исперете нешто во ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg