Заборавете како изгледа мамурлакот: Како да пиете, а утредента да бидете свежи и одморени?

Звучи како научна фантастика, затоа што секој кој се напил барем една чашка повеќе знае што го чека утредента - главоболка, лошење, дехидрација, потреба за доспивање...

zaboravete-kako-izgleda-mamurlakot-kako-da-piete-a-utredenta-da-bidete-svezi-i-odmoreni-01.jpg

Но, благодарение на овие неколку решенија може да заборавите како изгледа мамурлакот.

Што е најдобро, со нив може да пиете и преку недела, а утредента на работа да изгледате свежо и одморено.

Подготовка

Наместо за утредента да размислувате што можевте да направите, почнете да си го олеснувате мамурлакот уште од вечерта.

Пред се, задолжително пијте вода. Секогаш покрај вас имајте една чаша вода и пијте ја после секој пијалак.

Исто така, пред да тргнете во кафана или диско, најадете се како човек. Не само што полесно ќе го поднесете алкохолот, туку и телото ќе ви биде посилно за да ги избегнете непријатностите кога ќе се враќате накај дома.

Во текот на вечерта бирајте го алкохолот. Најдобра опција ви се безбојните алкохоли кои не содржат хемиски супстанци кои може да предизвикаат главоболка.

Плус, секогаш е подобро да го олабавите паричникот и да нарачувате поквалитетни пијачки, доколку сте во можност.


Изгледајте свежо

Утредента станете малку порано од вообичаено и истуширајте се со млака вода наместо со топла. Ова брзо ќе ве разбуди, по што следи темелно четкање на забите.

Ако сте поамбициозни за да изгледате добро, секогаш можете да ставите две парчиња краставици на очите барем 10тина минути за да ги намалите подочниците. Задолжително ставете и крема затоа што кожата ќе ви изгледа дехидрирано.

Последниот чекор е облекувањето. Облечете се посебно добро, не натнувајте што ќе ви дојде при рака. Колку подобро изгледате, толку подобро ќе се чувствувате.


Чувствувајте се добро

Тешко е да се ослободите од мачнините и главоболките, но не е невозможно. Она што ви треба, верувале или не, е газиран пијалак. Одлучете се за некој обичен проѕирен сок и испијте 1 чаша.

Следно на ред е кафето или чаевите кои содржат кофеин.

zaboravete-kako-izgleda-mamurlakot-kako-da-piete-a-utredenta-da-bidete-svezi-i-odmoreni-02.jpg

Додајте гориво

Знаеме дека ви се гади од помислата на храна, но важно е денот да го започнете со квалитетен оброк.

Заборавете на сендвичите и сокот од портокал, затоа што ќе ви создадат киселини. Наместо тоа, консумирајте појадок со овошје и зеленчук, житарки и многу вода.


Не заборавајте на мирисот

Ако по претерувањето со алкохолот имате состанок или едноставно треба да се појавите некаде наутро, не заборавајте на дезодорансот, парфемот, мастиките за џвакање и тоалетната вода.

Миризбата која ја создава алкохолот вие можеби не ја чувствувате, но за тие околу вас може да биде непријатна.

Би можело да ве интересира:

Погрешно vs. правилно: Инфлуенсерка открива трикови за позирање за совршени Инстаграм фотки Наместо да застанете свртени со грб кон камерата и да се завртите благо наназад,...
8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
8 едноставни совети кои ќе ви го олеснат животот (а сигурно не сте ни слушнале за некои од нив) Како да ја исчистиме рибата од крлушките за 2 минути? Или да ги свариме јајцата ...
7 начини да престанете да ги сфаќате работите лично Прифатете дека вашата вредност како човек зависи само од вас, а не од работите ш...
9 совети за преживување во кои не треба да верувате (може да ве чинат живот) Цицањето на отровот од змијата може да биде опасно, а ако се обидете да се ориен...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg