Читањето на книги ве прави почувствителни?

Сите слушаме постојано дека читањето е добро за психата и мозокот, но не знаеме како истото подетално влијае врз нас.

citanjeto-ve-pravi-pocuvstvitelni-1

 Сега може да дознаете како точно влијае читањето врз вас:

- Читањето ви помага во донесување на заклучоци и формирање на фотографии во главата, бидејќи додека читаме ако книгата нема илустрирани фотографии, ние самите ги создаваме и донесуваме заклучоци што ќе се случува понатаму.


- Секој збор го активира мозокот да работи подобр
о
, бидејќи со читање на било кој збор, мозокот се активира да се потсети дали го знае и што значи истиот, а доколку не го знае, ја вклучува логиката според зборовите кои го опкружуваат за да сфати што значи.


- Читањето за искуства е приближно исто како да сте ги доживеале истите
, бидејќи при читањето развивате чувства кои би ги развиле доколку навистина го искусите нештото на ваша кожа.


- Различни жанрови на книги ве прават подобро едуцирани за различни сфери во животот
, бидејќи  кога читате за криминал, љубов, моќ на потсвест, вештини и способности, ќе знаете многу повеќе за овие сфери отколку ако не сте читале за нив воопшто.


- Читањето на јазик различен од вашиот го развива вашиот мозок
, бидејќи со тоа истиот е поттикнат постојано да учи нови зборови за да ја склопи целината на тоа што го чита.


- Читањето ви покажува дека се има свој почеток, кулминација и крај
, што е добро кога сте соочени со потешкотии и проблеми во животот, бидејќи ќе бидете свесни дека истите имаат свој почеток, колуминација во вашиот живот, но и крај кој е неминовен.


- Читањето навистина ве прави почувствителни
, тоа е одговор на прашањето во насловот, бидејќи додека читате се соживувате со карактерот на ликовите и станувате почувствителни кон нив, како и кон вистинските луѓе во вашиот живот.

Би можело да ве интересира:

Фотографии кои ќе ве натераат да кажете „Ах, ова е Италија“ Тераса во облик на чаша вино, па каде ако не во Италија? Ренесансни скулптури им...
Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
„Губење“ време и уште 9 работи што сите треба да ги правиме почесто Денес, кога сè околу нас се случува пребрзо и неретко немаме ни време да здивнем...
7 бон-тон правила за во ресторан и на свечени настани Ако сте на свечен настан со шведска маса, едната рака секогаш нека ви биде слобо...
12 трикови што треба да ги знаете – ќе ви го олеснат секојдневието За да не ви се „распадне“ кашкавалот додека го рендате, прво ставете го во замрз...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg