Откажете се од неуспехот, само така ќе успеете!

Сите го сакаме успехот, но го мразиме моментот кога треба да се откажеме од некои работи за да го добиеме.

otkazete-se-od-neuspehot-samo-taka-ke-uspeete-01.jpg

Само така можеме да направиме место за успехот во нашиот живот, бидејќи некои работи го зафаќаат неговото место и не дозволуваат истиот да се протне во нашето секојдневие.

Откажете се од лажните пријатели, тие го заземаат местото на оние вистинските со кои ќе успеете  да имате вистинско пријателство.

Откажете се од партнерот кој не ве заслужува, бидејќи така ќе го привлечете оној што ќе ве бодри да успеете.

Откажете се од лошите одлуки кои знаете дека се лоши, само така ќе успеете да ги донесувате оние кои се правилни.

Откажете се од работата која не ја сакате, бидејќи само така ќе успеете да ја добиете работата која ја сакате.

Откажете се од љубоморните колеги на работа и планот да ги импресионирате, само така ќе успеете да ги импресионирате, можеби и да ги инспирирате да станат подобри.

Откажете се од гласот кој ви кажува дека нема да успеете, слушнете го гласот кој ви кажува дека успехот се ближи.

Откажете се од сомнежот во себе, бидејќи само така ќе успеете да ја зголемите сопствената самодоверба потребна за успех на секое поле во животот.

Откажете се од солзите, бидејќи успехот ќе ви се насмевне само во лицето на насмевките.

Откажете се од откажувањето, бидејќи успехот ги сака само оние упорните, бидете упорни за да бидете успешни.

И за крај откажете се од  неуспехот, бидејќи само така успехот нема да се откаже од вас!

Би можело да ве интересира:

9 работи од кои треба да се откажете (за да живеете среќно) Откажете се од навиката судот на другите луѓе да ви диктира како да се однесуват...
25 работи за животот што посакувам да ги знаев пред 10 години Парите не се важни – точно дека ви се потребни, но не се најважната работа во св...
8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
5 работи кои често ги купуваме, а кои (реално) не ни се потребни Денес се многу популарни справите за вежбање кои се користат дома. Ги гледа...
8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg