Несреќни сте? Овие работи ќе ве разведрат...

Често забораваме дека среќата се наоѓа во малите нешта, а ако веќе одамна не сте се насмеале од срце, овие работи ќе ви помогнат...

nesrekjni-ste-ovie-raboti-kje-ve-razvedrat-1

Не заборавајте, среќата има трикратно повеќе сила од негативните мисли, а со помош на овие трикови за многу брзо ќе си ја вратите насмевката на лицето:

Поминете време со некое животно

Уживајте во пролетните денови во друштво на вашето куче или маче, а доколку немате миленик отидете во најблискиот парк. Не заборавајте на уличните животни, кои може да ги нахраните, а тоа и вам ќе ви дојде убаво.


Бидете благодарни на убавите нешта

Пред спиење напишете барем три работи за кои сте благодарни, тоа може да биде вашата работа, некоја драга личност или пак фактот дека сте ја гледале омилената серија.


Потсетете се дека сте прекрасни

Вие сте прекрасна личност, само мора да се убедите во тоа. Клучот за среќен живот се крие во прифаќањето на себе.


Медитација

Бегството од реалноста автоматски ќе ве освежи и ќе ви ја врати насмевката на лице, а тоа најдобро ќе го направите со медитација.


Музика

Омилената музика веднаш ќе ве расположи, затоа притиснете плеј и уживајте.


Топла купка

Наполнете си ја кадата со топла вода, направете пена и додајте неколку капки од некое ароматично масло. Кога вашето тело ќе се опушти во топлата купка, вашето расположение ќе се подобри.


Станете и помирисајте цвеќе. Буквално

Мирисот влијае врз среќата, а доколку дома немате цвеќе, отидете до најблискиот пазар и купете си. Цвеќињата освен што ќе ви го разубават денот, тие и ќе го поправат и вашето расположение.


Гледајте на светлата страна

Обидете се во секоја ситуација да ги пронајдете добрите нешта. Учете од оптимистите, тие не само што се посреќни, туку и живеат подолго.

Би можело да ве интересира:

9 работи од кои треба да се откажете (за да живеете среќно) Откажете се од навиката судот на другите луѓе да ви диктира како да се однесуват...
8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
25 работи за животот што посакувам да ги знаев пред 10 години Парите не се важни – точно дека ви се потребни, но не се најважната работа во св...
5 работи кои често ги купуваме, а кои (реално) не ни се потребни Денес се многу популарни справите за вежбање кои се користат дома. Ги гледа...
7 ситници за кои гостите ќе ви замерат (но нема да ви ги кажат во лице) За влакната од милениците на мебелот, за тоа што ги „криете“ од нив слатките кои...
Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg