Приказна за тајната на успехот која ќе ви ја крене самодовербата до небо

Сакав да направам сè, но не направив ништо до замислениот период кој ми беше рамка за да успеам побрзо. Решив ден после тоа да анализирам што сум направил погрешно и да исконтактирам успешен човек кој ќе ми ја каже тајната на успехот.

prikazna-za-tajnata-na-uspehot-koja-ke-vi-ja-krene-samodoverbata-do-nebo-1

Мислев дека сум направил сè како што треба сè додека не го пронајдов успешниот бизнисмен на социјалните мрежи.

Отсекогаш сум бил необичен и знаев да изненадам со некоја глупост која стануваше хит на интернет.

Му напишав приватна порака која гласеше вака:

„Здраво почитуван господине, јас сум едно момче кое сака да ги оствари своите соништа, но не знае како. Тие се слични на она што успеавте да го направите вие.

Доколку не е проблем, би сакал да ми ја кажете тајната на успехот која ја откривте и применивте во животот. Воедно, читам на интернет дека покрај успешен, сте и многу среќен човек и вашиот живот е како од соништата.

Делувате многу среќно, покрај тоа што сте успешен.

Како ви успева?”

На мое изненадување бизнисменот ми врати на пораката многу брзо, но не приватно, туку јавно на неговиот профил кој го читаат милиони луѓе.

Неговата порака беше следна:

„Вчера добив порака од еден дечко кој сакал да успее во животот и да биде среќен. Сакам да му се обратам јавно бидејќи така воедно ќе успеам да допрам до милиони кои се прашуваат која е тајната на успехот.

Драго момче, јас навистина сум среќен, но тоа е така бидејќи сум одлучил да бидам среќен. Уште многу одамна сфатив, дека среќен стануваш кога ќе одлучиш да си среќен.

Успешен исто така, доколку цврсто се одлучиш на успех, успехот цврсто ќе се фати за тебе и нема да те пушти сè додека ти не ги олабавиш уздите.

prikazna-za-tajnata-na-uspehot-koja-ke-vi-ja-krene-samodoverbata-do-nebo-2

Уште нешто, најважно од сè е следното: да одлучиш да им помогнеш на другите да го сфатат ова, како што тоа го правам јас моментално.

Не биди себичен, помагај, со тоа си помагаш себеси. Што ако им ја кажеш тајната на успехот на сите, не сите ќе знаат да ја искористат, нели?

Верувам дека ти и уште еден дел од луѓето кои го прочитаа ова ќе знаат што да направат со неа.

И запомни, стануваш сè што посакуваш, тогаш кога ќе одлучиш ти!

Со среќа”.

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: Само што се вратив од болница, а сопругот очекува да му готвам и да го служам ... „Првото утро кога се вратив дома, чекаше јас да станам да сварам кафе и да ги на...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
Пар наместо дете посвоил возрасна жена со џуџест раст, која сакала да ги убие - Бизарниот случај на ... Кога маж и жена ја посвоиле Наталија Грејс во 2010-та, тие мислеле дека таа е 6-...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Без предрасуди и табу теми - Како треба да се однесува жената во 40-тите? Треба да сака со целата своја сила, да патува во светот, да си најде љубовник ак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg