6 токсични мисли кои ве спречуваат да ги остварите соништата

Соништата се сонуваат за да се остваруваат, а не за да останат соништа засекогаш.

6-toksicni-misli-koi-ve-sprecuvaat-da-gi-ostvarite-sonistata-1

Доколку вашите се уште не се остварени, овие 6 токсични мисли се уште се вртат во вашата глава и треба веднаш да ги замените со позитивни кои ќе ви помогнат да остварите се.

1. Ништо не ми оди совршено

Дали некој е совршен? Никој не е совршен, ниту пак вие, а тоа е она што ве прави совршено уникатни и соодветни за да ги остварите своите соништа. Никој не ги поседува вашите способности да ги оствари вашитесоништа на начин на кој што тоа може даго направите вие.

Прифатете ја својата несовршеност и искористете ја на совршен начин во своја полза.


2. Не можам да ја контролирам судбината

Зарем судбина постои или сами ја креираме?

Размислете убаво за ова прашање и превземете ја судбината во свои раце, а потоа обликувајте ја по своја желба.


3. Секогаш губам, никогаш не успевам...

Секогаш сте губеле нешто, никогаш не сте успевале во ништо, но знаете ли зошто е тоа така? Бидејќи сами сте одлучиле да биде така, вашите одлуки се само ваши и сами преодредувате со зборовите секогаш и никогаш да ја контролирате психата, во овој случај негативно.

За промена искористете ги во конотација, јас секогаш добивам она што го сакам, никогаш не го добивам она што не ми е потребно во моментот.


4. Што ќе кажат другите за мене?

Што ви е гајле што ќе кажат? Луѓето и онака зборуваат и мислат она што сакаат да го зборуваат и што сакаат да го мислат за вас.

Не плашете се да тргнете кон своите соништа само поради стравот од реакцијата на општеството.


5. Минатото ја уништува мојата иднина

Тоа не е вистина, бидејќи минатото останува во минатото, иднината ве чека со нови предизвици, а вие треба да успеете моментот да го живеете на начин на кој што истиот ќе влијае позитивно врз иднината.

Запомнете дека моментот кој поминал, не се менува, но моментот кој може да ја промени иднината, може да се промени.


6. Моите чувства ме спречуваат да ги следам соништата

Не, вашите чувства се само последица на вашите размислувања, ако размислувате позитивно, ќе ви се случува позитивно, ако размислувате негативно, ќе ви се случува негативно и вие ќе се чувствувате несреќно. Едноставно е, не го правете комплицирано.

Би можело да ве интересира:

Работи што ќе ги разберат само оние кои живеат сами Многумина мислат дека оние кои живеат сами се многу осамени, но реалноста е мног...
12 работи што општеството не ги прифаќа, иако се здрави и нормални, низ илустрации Грижата за децата не е само женска работа, па затоа не е срамота и татковците са...
Дали сте слушнале за египетската книга на соништата? Дали верувате дека преку соништата може да се предвиди иднината? Ако верувате, т...
„Јас сум твојата вистинска мајка“ - Клишеа од латиноамериканските сапуници со кои израснавме По 200 епизоди чекате да се открие некоја голема семејна тајна и сиромашната дев...
Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...
Изберете една тарот карта и дознајте што ве очекува во мај Сонце, свет или тркало на среќата? Тарот картата што ја избравте ќе ви открие шт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg