Имам комшија кој ме критикува често, посакувам сите да бидат како него...

Живееме во свет кога постојано се соочуваме со лажни комплименти и уште полажни критики, изговорени од завист. Во ова секојдневие и покрај сите тие  кои ми прават лице, јас имам еден комшија кој постојано ме навредува искрено, а ме бодри уште поискрено.

imam-komsija-koj-me-navreduva-cesto-posakuvam-site-da-bidat-kako-nego-1

Подобро кажано, комшивче кое ми доаѓа на гости секој ден и ме дружи без многу да зборува, освен кога прашува, тогаш многу зборува.

Од ова дете кое има само пет години јас научив многу важни лекции за животот кои се надевам ќе ги научите и вие или само ќе се насмеете:

Првата лекција беше тоа што прашува, кога нешто го интересира, многу прашува, не се срами од тоа што не го знае.

Научив дека сите треба да прашуваат кога не знаат, наместо да живеат во незнаење. Не срамете се, човек учи додека е жив, а тој што мисли дека доволно научил останува половина неписмен.

Втората лекција ја научив кога го понудив со какао, ми рече дека сака, го направив по свој вкус и му го послужив.

Сркна еднаш и го плукна, ми рече дека не му се допаѓа, сакал друго, му било многу благо.

Му направив друго и се зачудив на неговата искреност, треба сите да бидеме до тој степен искрени, наместо да глумиме лажна љубезност и да пиеме нешто што не ни се допаѓа, да правиме нешто што не сакаме, да се дружиме со личности кои не ни одговараат...

Третата лекција ја научив кога дојде на гости, а јас требаше да излегувам за кратко. Се подготвував  додека тој гледаше цртани филмови.

Пред да излезам го прашав дали му се допаѓа мојот фустан, одговори да, бил шарен, а тој сакал шарени работи.

Но, ми рече дека во фризурата сум изгледала како неговата баба, а фризурата на неговата баба не му се допаѓала воопшто.

Косата ми беше собрана во пунџа и решив да ја пуштам, кога ме виде ми кажа дека така била подобра.

Го испратив и на заминување ме научи на последната лекција, ми рече дека утре нема да дојде бидејќи сакал да се одмори од моето друштво.

Не сум му била интересна повеќе, па добро би било доколку би нашла нови цртани филмови на интернет, во тој случај ќе ме посетел наскоро.

Се насмевнав и го гушнав. Си реков во себе дека имам уште да учам од тоа дете кое сум сигурна дека ќе стане добар, поебен човек кога ќе порасне.

Посакувам сите луѓе да бидат како него...

Би можело да ве интересира:

Најчести грешки во различни земји поради кои локалците веднаш ќе сфатат дека сте туристи Во Јапонија не е културно да се јаде на улица, жените во Турција на прекрстуваат...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Прашувам за пријател: Само што се вратив од болница, а сопругот очекува да му готвам и да го служам ... „Првото утро кога се вратив дома, чекаше јас да станам да сварам кафе и да ги на...
Мачеле, силувале и си ги убивале сопствените деца - жени кои извршиле монструозни злосторства Овие жени не биле само убијци, тие сееле зло и ширеле страв и ужас каде и да оде...
Морничави нерешени мистерии од реалноста кои ќе ве држат будни навечер Во 2019-та, Американката Ели Грин дознала дека мајка ѝ починала во психијатриска...
Пар наместо дете посвоил возрасна жена со џуџест раст, која сакала да ги убие - Бизарниот случај на ... Кога маж и жена ја посвоиле Наталија Грејс во 2010-та, тие мислеле дека таа е 6-...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg