Смешни животни моменти кои сите сме ги доживеале

Во целина животот е трагедија, а на моменти комедија. Оваа реченица ќе ја потврдите и вие со вашите моменти кои венатерале да се насмеете до солзи.

smesni-zivotni-momenti-koi-site-sme-gi-doziveale-1

Сите сме ги доживеале, а кога ќе се потсетиме на нив, посакуваме да ги доживееме барем уште еднаш овие смешни животни моменти кои секогаш ќе измамат насмевка на нашето лице.

- Моментот кога сфаќате дека сте кажале глупост пред друштвото и се смеете самите себеси пред да ви се насмеат тие.

- Моментот кога се потсетувате на паѓање на мраз и болката во задникот кои ве натерале да се чувствувате како мало дете.

- Моментот кога сте го погрешиле автобусот.

- Моментот кога сте се прејале на гости.

- Моментот кога прв пат сте напиле алкохол или сте пробале цигара и сте се закашлале.

- Моментот кога сте мислеле дека сте жонглер со јајца кои на крајот завршиле на подот.

- Моментот кога кажувате шега и не ја докажувате од смеење.

- Моментот кога сте се уплашиле од давење во плиткото и сте излегле од водата пред некој да ве забележи.

- Моментот кога сте учеле нов јазик и сте звучеле глупаво на почеток додека сте зборувале.

- Моментот кога сте се смееле на час, а профеосрката ве прашала што е толку смешно.

- Моментот кога ве избркале за прв пат од час поради неконтролирано смеење.

- Моментот кога ве удриле со топката по глава, но вие сте се смееле занемарувајќи ја болката.

- Моментот кога сте излегле од дома скоцкани со папучи на нозете.

- Моментот кога замислени сте влегле под туш со алишта на вас.

- Моментот кога сте станале на табла без да знаете ништо и сте чкртале со кредата колку да правите нешто.

- Моментот кога песната во локалот ви се погодила, сте започнале да ја пеете, но со погрешен текст.

- Моментот кога сте спиеле со вашите родители плашејќи се од чудовиштата под кревет.

- Моментот кога сте се сопнале на високите штикли во центарот на градот преполн со луѓе.

- Моментот кога ќе се потсетите на стара шега која сте ја знаеле само вие и вашите пријатели.

- Моментот кога ќе се потсетите на стариот прекар од детството.

Кој момент би го додале на листата?

Би можело да ве интересира:

10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
5 потсетници кои ќе ви помогнат полесно да ги прифатите големите (и неизбежни) животни промени Не заборавајте дека промените ни помагаат да созрееме, но и дека секогаш ни носа...
Породување, камен во бубрег: Најсилни болки кои може да ги почувствува човекот Фрактурата на пенисот, позната и како „најлошиот кошмар на секој маж“ ...
8 секојдневни работи кои (речиси) сите ги правиме погрешно Дали нанесувате маска или регенератор дури и на корените на косата? А, каде го с...
Работи што ќе ги разберат само оние кои живеат сами Многумина мислат дека оние кои живеат сами се многу осамени, но реалноста е мног...
12 работи за кои жените веќе немаат нерви кога ќе наполнат 30 години Лоша храна и пијалаци – ако во 20-тите се трпеле евтини јадења и пијалаци, по 30...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg