Бидете секогаш во право! Слушајте го својот инстинкт

Денес ретко кој го слуша својот инстинкт, а исто така ретко кој знае дека тој никогаш не греши.

bidete-sekogas-vo-pravo-slusajte-go-svojot-instinkt-1

Доколку не сте запознаени со овој термин подетално, инстинктот претставува внатрешно чувство, односно шестто сетило кое го има секој човек, но не секој го користи.

Инстинктот може да ви помогне да детектирате што е лошо, а што добро за вас бидејќи само вие знаете што е најдобро за вашата душа и вие може да го направите најправилниот избор во врска со било што доколку го слушате тоа внатрешно чувство.

Но, ретко кој го слуша бидејќи луѓето често се базираат врз мислењето на луѓето околу нив, нивното претходно искуство и сè останато освен инстинктот кој никогаш не греши.

Луѓето прават грешки токму поради тоа што мислат дека инстинктот е тој што греши, а не тие.

Колку пати ви се случило да си речете себеси: „Знаев дека не треба/ треба да го направам тоа”?

Сигурно многу пати, нели?

Ова значи дека вие веќе сте знаеле што ќе се случи, без разлика дали исходот ќе биде негативен или позитивен, односно инстинктот, вашиот внатрешен глас ве предупредил претходно.

Но, вие сте одбрале да послушате нешто друго освен него и сте тргнале по друг пат, а не по оној кој го преодредува инстинктот и е секогаш правилен.

Затоа, од денес слушајте го инстинктот и бидете секогаш во право, бидејќи тој никогаш не греши.

Само така наместо знаев дека не треба/треба да го направам тоа, ќе започнете да си кажувате себеси:

„Знаев дека сум во право слушајќи го својот инстинкт!”

Би можело да ве интересира:

8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Корисни трикови што ги научивме во училиште, а ни служат за цел живот За разлика од новите генерации кои користат паметни табли и голем број надредни ...
8 сурови вистини од кои ќе научите многу за животот Ако не се борите за тоа што го сакате, не треба да плачете за тоа што ќе го изгу...
Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg