20 работи кои само сестрите ќе ги разберат

Да се има сестра е благослов. Знаете дека таа ќе биде покрај вас и во добро и лошо. Таа е вашата најдобра пријателка, вашата сродна душа. 

20-raboti-koi-samo-sestrite-moze-da-gi-razberat-0

Следуваат 20 работи само девојките кои имаат сестра може да ги разберат.

1. Имате толку заеднички интерни шеги. Никој друг не може да ве насмее така како вашата сестра.

2. Таа секогаш ќе ви ги даде најдобрите комплименти.

3. И двете се досадувате за време на семејните ручеци. Барем подоцна ќе може да се жалите заедно.

4. Таа ќе коментира на секој ваш Фејсбук статус и ќе ја лајкува секоја ваша нова слика објавена на Инстаграм. Тоа и е работа.

5. Можете солено да се пошегувате со неа и знаете дека ќе ви прости (со време...)

20-raboti-koi-samo-sestrite-moze-da-gi-razberat-1

6. Пораснавте слушајќи иста музика. Затоа се уште знаете да ги запеете песните кои некогаш заедно ги пеевте пред огледалото.

7. И да ве навреди, тоа нема да ве повреди. Знаете дека не го мисли тоа што го кажува.

8. Секогаш знае што следно ќе кажете. Како да може да ви ги чита мислите.

9. Кога и да и се жалите за некој проблем, ќе ве ислуша и до најситните детали. Бидејќи навистина се грижи и сака да помогне.

10. Секогаш ќе биде на ваша страна, дури и да не сте во право.

20-raboti-koi-samo-sestrite-moze-da-gi-razberat-2

11. Нејзината облека е и ваша облека. И обратно.

12. Можете заедно во сабота вечер да останете дома, да јадете пица и гледате филмови.

13. Секогаш знае кога лажете. Многу добро го познава виновниот изглед на вашето лице.

14. И двете сте пресреќни кога нешто убаво ќе и се случи на едната од вас. Нов дечко? Зголемување на плата? Ајде, одиме да прославиме!!!

15. Со сестра никогаш не може да ви е досадно. Како дома да имате вградена забава.

20-raboti-koi-samo-sestrite-moze-da-gi-razberat-3

16. Се шегувате какви ќе бидете кога ќе остарите. Ако сте биле откачени како деца, замислете какви ќе бидете како седокоси бабички.

17. Обожувате да ја задевате. Исто како што и вие сте нејзината омилена мета за коментари.

18. Секогаш е тука за вас кога имате лош ден.

19. Понекогаш не можете да престанете да ја гушкате. 

20. Таа ги знае вашите најдлабоки, најтемни тајни. Оние кои никој друг не ги знае.

Би можело да ве интересира:

9 работи од кои треба да се откажете (за да живеете среќно) Откажете се од навиката судот на другите луѓе да ви диктира како да се однесуват...
8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
25 работи за животот што посакувам да ги знаев пред 10 години Парите не се важни – точно дека ви се потребни, но не се најважната работа во св...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
10-те најстари родилки во светот (некои имаат и над 70 години) Ерамати Мангама е најстарата родилка во светот која доби дете, односно близнаци,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg