Моменти за кои се живее

Постојано ја бараме смислата на животот, не знаејќи дека таа ни е пред очи, во нас самите, спие и чека да ја разбудиме од сон, чека да ја оствариме, чека да ја живееме.

momenti-za-koi-se-zivee-01.jpg

Смислата на животот најчесто се бара во големите работи кои ги немаме, занемарувајќи ги оние малите кои веќе ни се на дланка.

Кога мечтаеме за големите работи најчесто се разочаруваме, па заборавајќи на овие малите секогаш се прашуваме за кои моменти се живее?

Ова се неколку од тие моменти кои се изградени од малите работи, но вие не им обрнувате внимание и не знаете дека ете токму за тие моменти се живее!

- Моментот кога ќе се разбудите наутро и убаво ќе се истегнете гледајќи го сонцето.

- Моментот кога ќе израдувате или ќе бидете израдувани од сакана личност.

- Моментот кога сфаќате дека пријателите се оние вистинските.

- Моментот кога ќе ги подигнете парите од сметка и ќе ги ставите во паричник, слободни да си пружите секакво задоволство со нив.

- Моментот кога имате секс и доживувате оргазам со саканата личност.

- Моментот кога добивате убава оценка после цела ноќ седење над книгата.

- Моментот кога чекорите боси по жежок песок.

- Моментот кога пливате, нуркате и уживате во топлата вода на одмор.

- Моментот кога возите велосипед, пуштајќи ги рацете.

- Моментот кога ќе се потсетите на вашето детство листајќи ги семејните албуми.

- Моментот кога ќе сфатите дека имате семејство, а некој го нема.

- Моментот кога ќе воочите дека сте слободна личност и никој не ви може ништо.

- Моментот кога плачете од среќа.

- Моментот кога ќе сфатите дека личноста со која сте во врска е онаа вистинската.

- Моментот кога ќе бидете среќни и ги правите среќни сите околу вас.

- Моментот кога помагате некому.

- Моментот кога лежите на трева во природа, гледајќи го небото.

- Моментот кога ја слушате омилената песна.

- Моментот кога ќе сфатите дека се зависи од вас.

- Моментот кога совршено ќе си го погодите кафето.

Што би додале на листата?

Би можело да ве интересира:

9 работи од кои треба да се откажете (за да живеете среќно) Откажете се од навиката судот на другите луѓе да ви диктира како да се однесуват...
8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
25 работи за животот што посакувам да ги знаев пред 10 години Парите не се важни – точно дека ви се потребни, но не се најважната работа во св...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg