Кога е време да ги фрлите старите гаќи и градници?

Добрите гаќи и градници може да траат неколку години, но само ако добро ги одржувате. Штом почнува да се губи нивниот квалитет и првичен облик, време е за промена.

koga-e-vreme-da-gi-frlite-starite-gaki-i-gradnici-01

Постојат 4 знаци според кои ќе препознаете дека треба да ги фрлите старите гаќи и градници:

1. Ако ја изгубиле еластичноста

Со текот на времето еластинот во гаќите се троши, поради што го губат својот облик, а истото важи и за градниците. Кога прерамките ќе ја изгубат еластичноста на градникот, вам веќе нема да ви ја пружат потребната потпора.


2. Ако ви се премали

Со оглед на тоа што ги переме често, долната облека сè повеќе се собира, особено ако е памучна. Ако не сакате гаќите да ви ја пресекуваат кожата и да ви ја запираат циркулацијата, фрлете ги смалените и износени.

Во однос на градниците, вашите гради се менуваат повеќе отколку што сте свесни. Затоа градникот кој некогаш ви бил совршен, по некое време може да ви предизвика проблеми како болка во грбот и свиснати гради. Ако градите премногу ви излегуваат од градникот или ако не ви стои правилно лентата на грбот и ве стега на последното копче, значи дека ви е мал градникот.


3. Ако ви е неудобна долната облека

Ако премногу ги чувствувате дека се залепени за вашето тело или обратно, премногу ви се лабави и не ги чувствувате, тогаш треба да ги фрлите. Посебно ако ги сакате гаќите со тантела, треба да знаете дека по неколку перења може да стане груба и неудобна на кожата.


4. Ако долната облека го изгуби првичниот облик

Ако корпите на градникот се искривени или боксерките се туткаат, време е да купите нови.

Би можело да ве интересира:

Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
7 бон-тон правила за во ресторан и на свечени настани Ако сте на свечен настан со шведска маса, едната рака секогаш нека ви биде слобо...
Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
12 трикови што треба да ги знаете – ќе ви го олеснат секојдневието За да не ви се „распадне“ кашкавалот додека го рендате, прво ставете го во замрз...
Кул трикови што ќе ви се најдат кога престојувате хотел Испеглајте ја облеката со пареа во бањата, а доколку треба да исперете нешто во ...
„Губење“ време и уште 9 работи што сите треба да ги правиме почесто Денес, кога сè околу нас се случува пребрзо и неретко немаме ни време да здивнем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg