Зошто фотографијата од маичката на оваа жена стана вирална?

Рејчел Тејлор објавила фотографија од себеси во маичка со американското знаме со долго заблагодарување на компанијата за облека Old Navy како резултат на коментар кој го чула.

fotografija-od-maickata-na-edna-zena-stana-viralna-od-sosema-neocekuvani-pricini-01.jpg

Додека се подготвувала за Денот на независноста таа одлучила да си купи маичка која ќе го има американското знаме на неа и така да го прослави празникот.

Влегла во продавницата и пробала токму таков тип на маичка без ракави, но додека ја враќала на полицата поминале мајка и ќерка тинејџерка. Ја земале маичката во раце и кажале зборови кои ја повредиле Рејчел и ја натерале да ја објави ситуацијата.

fotografija-od-maickata-na-edna-zena-stana-viralna-od-sosema-neocekuvani-pricini-1.jpg

„Денеска додека купував облека во Old Navy застанав меѓу тинејџерка и нејзината мајка. Девојчето ја фати маичката која ја пробав и се обрати на мајка и: „Види мамо овде може да ме собере мене и моите другарки“! Мајка и се насмеа и кажа: „Да, може! Тоа чудо е огромно!““ – вака започнува приказната на Рејчел.

Овие зборови ја оставиле младата девојка во солзи и ја натерале да излезе од продавницата.

„Не можев да издржам. Почнав силно да плачам, а маж ми ме изнесе надвор од продавницата. Седев во автомобилот извесен период, но станав и се вратив да си ја купам маичката. Одлично изгледам во неа“ – додава, таа.

Нејзиниот заклучок за целата ситуација е една моќна порака: „Бидете добри. Мислете на другите пред да зборувате. И ако некој ве повреди или навреди, најдобро е да продолжите натаму“.

Со оваа порака таа ги освоила срцата на безброј луѓе кои и возвратиле на Фејсбук:

„Ги обожавам Old Navy. Таму купувам долг период. Пред неколку години мојата тежина драстично се покачи и не ни очекував дека ќе најдам продавница каде ќе можам да купувам удобни работи“.

„Ти си прекрасна! И таа маичка супер ти стои. Супер што си се вратила назад. Јас никогаш не би можела да го направам тоа“.

Би можело да ве интересира:

Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
10-те најстари родилки во светот (некои имаат и над 70 години) Ерамати Мангама е најстарата родилка во светот која доби дете, односно близнаци,...
Морничави нерешени мистерии од реалноста кои ќе ве држат будни навечер Во 2019-та, Американката Ели Грин дознала дека мајка ѝ починала во психијатриска...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Пар наместо дете посвоил возрасна жена со џуџест раст, која сакала да ги убие - Бизарниот случај на ... Кога маж и жена ја посвоиле Наталија Грејс во 2010-та, тие мислеле дека таа е 6-...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg