9 работи кои ноќва сигурно ќе ги сонувате и што означуваат

Соништата се илустративен начин на кој нашата потсвест се обидува да ни ги каже оние работи кои и самите не сакаме да си ги признаеме.

9-sonista-od-koi-ovaa-nokj-kje-sonuvate-barem-eden-i-kakvi-se-nivnite-znacenja-01.jpg

Најчесто станува збор за повторувачки соништа кои имаат иста тематика: како мали најчесто сме сонувале дека некој нè брка или дека летаме, дали како птица или во авион, како постари може да сонуваме како ни паѓаат забите или дека парадираме голи пред голема маса на луѓе...

Изборот е голем, но сепак може да се сведе на 9 типови на соништа кои најчесто ги сонуваме сите ние.

Ова се тие 9 типови на соништа и нивното значење:


1. Стоење голи пред други луѓе

Соништата во кои сонувате дека сте голи укажуваат на некаква ранливост во некој аспект од вашиот живот. Најчесто се јавува кога запознавате некоја нова личност и го симболизира токму тој чин, или кога имате недостиг на приватност на работа или дома.

Стоењето голи пред други луѓе може да означува некаква неподготвеност.

9-sonista-od-koi-ovaa-nokj-kje-sonuvate-barem-eden-i-kakvi-se-nivnite-znacenja-1.jpg


2. Паѓање

Паѓањето во соништата ги симболизира тешкотиите и непријатните работи кои ги имате во реалниот живот, а незнаењето каде ќе паднете, или прелетате обично укажува на тоа дека не сте подготвени и не сте сигурни за вашата иднина.

Овој тип на сон се јавува најчесто затоа што имате чувство дека не можете да ги контролирате работите околу вас.

9-sonista-od-koi-ovaa-nokj-kje-sonuvate-barem-eden-i-kakvi-se-nivnite-znacenja-2.jpg


3. Смрт

Ако сонувате смрт, тоа автоматски не значи дека ве чека нешто лошо. Смртта симболизира трансформација, личен раст или ослободување од лошите навики.

Ако сонувате смрт на некоја од вашите блиски личности тоа значи дека потајно посакувате да поседувате некоја од нивните карактеристики или квалитети, или дека односот меѓу вас драстично се менува.

9-sonista-od-koi-ovaa-nokj-kje-sonuvate-barem-eden-i-kakvi-se-nivnite-znacenja-3.jpg


4. Трчање

Кога некој неуморно ве лови во соништата, во реалниот живот тоа значи дека некому не му обрнувате доволно внимание, или дека ги избегнувате работите со кои треба веднаш да се соочите.

9-sonista-od-koi-ovaa-nokj-kje-sonuvate-barem-eden-i-kakvi-se-nivnite-znacenja-4.jpg


5. Летање

Летањето е чест симбол на слободата. Ако во соништата летате без многу напор, тоа најчесто значи дека сте ослободени од сите грижи и притисоци во животот, но ако имате проблеми при летот, тоа значи дека некој или нешто ве кочи и ве држи подалеку од слободата и уживањето.

9-sonista-od-koi-ovaa-nokj-kje-sonuvate-barem-eden-i-kakvi-se-nivnite-znacenja-5.jpg


6. Прељуба

Еден од понепријатните соништа е оној во кој саканата личност ја изневерувате. Добра вест е што изневерувањето се случува само во сонот и често воопшто не е поврзано токму со таа тематика.

Ако сонувате дека го изневерувате партнерот, тоа значи дека чувствувате некаква несигурност или грижа и страв дека во иднина ќе треба да се соочите со некаква загуба.

9-sonista-od-koi-ovaa-nokj-kje-sonuvate-barem-eden-i-kakvi-se-nivnite-znacenja-6.jpg


7. Вода

Водата ги претставува вашите емоции и токму затоа најважно е да се концентрирате на тоа каков е нејзиниот тек, бидејќи токму тој аспект на водата ќе ви покаже како се чувствувате.

Ако водата е чиста и мирна, тоа значи дека вие сте задоволни од вашиот живот. Ако водата е немирна и матна, најверојатно живеете под притисок.

Ако сонувате водопад, тоа значи дека наскоро емоциите кои сте ги собирале во себе ќе излезат од вас буквално како водопад.

9-sonista-od-koi-ovaa-nokj-kje-sonuvate-barem-eden-i-kakvi-se-nivnite-znacenja-7.jpg


8. Тест

Тестирањата од било кој тип означуваат дека наскоро, или баш во моментот се соочувате со нешто ново за вас или дека потребно е да се покажете во најдобро светло.

Кога ќе откриете за каков предизвик станува збор, начинот на кој сте го решавале тестот ќе ви покаже како да го надминете предизвикот.

9-sonista-od-koi-ovaa-nokj-kje-sonuvate-barem-eden-i-kakvi-se-nivnite-znacenja-8.jpg


9. Паѓање на забите

Губењето за заби во сонот значи дека во животот се чувствувате неудобно или несигурно како резултат на некои ваши непромислени постапки.

Ако сонувате како првите заби започнуваат да ви опаѓаат, тоа значи дека има нешто за што жалите, некоја постапка за која се каете.

9-sonista-od-koi-ovaa-nokj-kje-sonuvate-barem-eden-i-kakvi-se-nivnite-znacenja-9.jpg

Би можело да ве интересира:

8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
9 работи од кои треба да се откажете (за да живеете среќно) Откажете се од навиката судот на другите луѓе да ви диктира како да се однесуват...
25 работи за животот што посакувам да ги знаев пред 10 години Парите не се важни – точно дека ви се потребни, но не се најважната работа во св...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg