Зошто септември е вистинско време за промени и нови одлуки?

Дали сте знаеле дека септемвриските одлуки имаат поголеми шанси за остварување од новогодишните? Зимскиот период обично е многу стресен и напорен, имате многу обврски и се подготвувате за празниците, а сосема поинаква е приказната за месец септември.

zoshto-septemvri-e-vistinsko-vreme-za-promeni-i-novi-odluki-01.png

Споредено со зимскиот период, септември е месец кога сте подготвени за нови работни предизвици, кога сте се вратиле од одморот свежи и полни со енергија и желба да напредувате и да го промените својот живот.

И сончевото време помага да останете во добро расположение, а оние месеци кои остануваат до крајот на годината се одлична можност за да проверите колку сте напредувале во вашиот живот.

За да не се откажете од вашите одлуки, потребно е да примените неколку корисни совети.

Еве како септемвриските одлуки успешно ќе ги остварите:


1. Размислете околу тоа што би сакале да промените

Дали постои нешто што ве мачи или спречува да напредувате?


2. Поделете ги целите во помали чекори

Така ќе можете да си ја одржите мотивацијата и постојано да постигнувате мали успеси.


3. Одредете го почетниот датум

Не мора да чекате до следниот понеделник, вистинскиот момент е сега и овде.

zoshto-septemvri-e-vistinsko-vreme-za-promeni-i-novi-odluki-1.jpg

4. Споделете ја вашата одлука со некоја блиска личност

Така ќе стане далеку пореална и достижна, а на еден начин ќе имате и поттик од страна на пријателите и колегите.


5. Бидете подготвени за предизвици

Очекувајте ги и прифатете ги предизвиците кои ќе ви стојат на патот на остварување на септемвриските одлуки.


6. Следете го вашиот напредок

Можете во еден дневник или нотес да ги бележите сите ваши мали успеси и да забележите кои чекори сте ги поминале до остварувањето на целта и што ве мотивира.


7. Наградете се

Ако сте биле доволно одлучни и истрајни, гордо прославете го вашето постигнување, бидејќи така ќе се мотивирате и за остварување на нови цели и предизвици.

zoshto-septemvri-e-vistinsko-vreme-za-promeni-i-novi-odluki-2.jpg

Би можело да ве интересира:

Судбински средби и нови почетоци – Каква енергија ви носи денешниот датум 11.01? Денес треба да го направите првиот чекор за сите ваши соништа да станат реалност...
14 навики кои ни даваат сила и енергија во животот Запознаваме нови луѓе. Ги надминуваме своите стравови. Минуваме време со луѓе ко...
25 работи за животот што посакувам да ги знаев пред 10 години Парите не се важни – точно дека ви се потребни, но не се најважната работа во св...
Жените му биле секс робинки, ги жигосувал со неговите иницијали – морничавиот култ на Кит Раниер Криејќи се зад семинари за личен развој, Кит Раниер направил култ во кој ги експ...
8 важни животни лекции кои (за жал) ги учиме предоцна Понекогаш луѓето што ви биле најважни во животот преку ноќ може да ви станат стр...
Девојчињата ги мажат на 13 години, жените немаат никакви права - Бизарните обичаи на народот Масаи Жените во ова племе служат за градење куќи и одгледување деца и стока, кога не с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg