Раскажи ми приказна. Приказна која ќе боли, но ќе е чиста вистина.

Сакам кога во твоите очи се рефлектира целиот мој свет. Тој вришти од радост, изобилува со магични нијанси на радост, ме тера да танцувам под сонцето.

raskazi-mi-prikazna-prikazna-koja-ke-boli-no-ke-e-cista-vistina-01.jpg

Сакам кога си насмеан. Кога си бескрајно свој, замислен, шармантен, вљубен во мене.

Сакам кога ми раскажуваш приказни. Приказни кои ниту една жена пред мене не ги чула.

Во твоите приказни секогаш доброто го победува злото.

Таму јас секогаш сум принцезата, а ти принцот на бел коњ.

Во твоите приказни се е возможно, сите ликови се среќни, чуда се случуваат на секое ќоше.

Твоите приказни се најубавата мелодија која моите уши некогаш ја слушнале.

Но, тоа се само приказни. Баба ми секогаш ми велеше да не верувам на маж кој раскажува приказни.

Во право е. Твоите приказни се далеку од реалноста. Не сум принцеза, не си принц и никогаш нема да бидеме среќни заедно затоа што сме премногу различни.

Во реалноста, злобата е насекаде околу мене и речиси и да не се сретнувам со добрината.

Чудо никогаш и не ми се случило, а луѓето околу мене секој ден стануваат се поочајни и поапатични.

Затоа, ајде, раскажи ми приказна. Реална. Приказна која ќе боли, но ќе е чиста вистина.

Раскажи ми дека не си среќен со мене и дај ми причина да се збогуваме.

Раскажи ми дека ние не живееме во приказна и дека нема магично стапче кое ќе не натера да се сакаме силно и до крајот на животот.

Раскажи ми за тоа дека на зборовите на кои јас паднав, паднале и десетина други жени пред мене.

Раскажи ми дека ова нашето е само страст која можеби веќе на есен лисјата ќе ја покријат.

Раскажи ми ја вистината!

Автор: М.К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
5 потсетници кои ќе ви помогнат полесно да ги прифатите големите (и неизбежни) животни промени Не заборавајте дека промените ни помагаат да созрееме, но и дека секогаш ни носа...
Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
Работи што ќе ги разберат само оние кои живеат сами Многумина мислат дека оние кои живеат сами се многу осамени, но реалноста е мног...
3 психолошки причини заради кои секогаш сте несреќни + Што треба да промените? „Тоа што верувате дека сте во право за тоа што се жалите, не значи дека таквиот ...
7 бон-тон правила за во ресторан и на свечени настани Ако сте на свечен настан со шведска маса, едната рака секогаш нека ви биде слобо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg