Што навистина стои помеѓу вас и вашата среќа? 16 најважни животни прашања

Велат дека сте на пола пат до вистината тогаш кога ќе си го поставите вистинското прашање. Каде се гледате себеси за 5 години? 10 години? 15 години? Што ве дели од среќата? Постојат бројни интригантни прашања кои можат да ве донесат до личен успех и среќа.

shto-navistina-stoi-pomegju-vas-i-vashata-srekja-16-najvazni-zivotni-prashanja-001.jpg

Ова се дел од тие прашања:

1. Ако би имале можност да одржите говор од 30 секунди на целиот свет – што би кажале?

2. Ако знаете дека ќе си заминете од овој свет точно на полноќ, што ќе правите во 11:45?

3. Како можете да бидете 100% сигурни за некоја работа?

4. Ако би имале многу пари, но сè уште морате нешто да работите – што би работеле?

5. Кога ќе имате 90 години, што мислите што ќе ви биде најважно?

6. Како можете да ги примените лекциите кои сте ги научиле во својот живот?

7. Ако не верувате во Бога, што би промениле ако дознаете дека 100% постои Бог?

8. За што најмногу жалите во вашиот живот?

9. Ако утре изгубите сè кон која личност прво ќе истрчате за утеха? Дали таа личност знае колку ви значи?

10. Дали се плашите од смртта? Ако е така, дали имате добра причина?

11. Што би промениле, ако знаете дека никогаш нема да си заминете од овој свет?

12. Сте стигнале до небесните врати и Бог ве прашува: „Зошто треба да те пуштам“? Што би одговориле?

13. Ќе се прифатите ли некогаш себеси во потполност?

14. Дали земјата во која живеете е навистина најдобра за вас?

15. Што можете да направите за нечиј ден да направите да биде подобар?

16. Што мислите, што навистина стои помеѓу вас и вашата среќа?

Одговорот на овие прашања воопшто не е лесен и веројатно доста често сте го менувале како сте созревале, но со сигурност постојано – одново и одново – си ги поставувате...

Што би додале вие?

Би можело да ве интересира:

Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Самоубиство, предозирање, убиство: Деца генијалци чии животи завршиле трагично Програмерскиот гениј Арон Шварц изврши самоубиство на само 26 години, додека ист...
7 бон-тон правила за во ресторан и на свечени настани Ако сте на свечен настан со шведска маса, едната рака секогаш нека ви биде слобо...
Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg