Зошто треба често да пеете?

Се плашите да пеете пред луѓе? Се срамите дека сите ќе ви се смеат или никој нема да ве слуша? Честопати поради овие причини луѓето не сакаат да пеат во јавност, а некој ни дома.

zosto-treba-cesto-da-peete-001.jpg

Но, знаевте ли дека пеењето може да ви помогне во многу работи?

Овде ќе наведеме 5 причини зошто уште сега треба да си ја пуштите омилената песна и да запеете гласно.

1. Го зајакнува здравјето на кардиоваскуларниот систем

Пеењето е аеробна активност која ја забрзува оксидацијата во крвта. Со тоа се намалува ризикот од срцеви заболувања, висок холестерол, и кардиоваскуларни болести.


2. Го стимулира мозокот

Пеење бара учење на текстови и следење на мелодија, како и поврзување на зборови со емоции. Дишењето, додека се пее носи повеќе кислород во мозокот, што резултира со отпуштање на неврони, подобрување на менталната свесност, концентрацијата и меморијата.


3. Го намалува стресот

Додека пеете, вашиот мозок испушта ендорфин. Ова го прави пеењето ефективно, го подобрува расположението, и помага при депресија. Пеење во група развива чувство за припадност во заедницата, а со тоа намалување на анксиозност. Пеењето се користи и како терапија за пациенти заболени од рак, деменција и мозочен удар.


4. Гради самодоверба

Пеењето помага при развивање на вештини на зборување, што може да ја подобри вашата способност да го користите гласот, односно да зборувате со поголема јасност и доверба. Со пеењето се испушта хормонот наречен окситоцин, што помага при намалување на анксиозност, а помага и при надминување на стравот од јавното обраќање.


5. Природен исцелител

Како и времето, музиката е одличен исцелител. Пеењето има слични ефекти врз телото и умот. Гарантира физичка, ментална, психичка и социјална благосостојба, а исто така, го подобрува држењето на телото и дишењето, бидејќи го зголемува капацитетот на респираторниот систем.

Автор: М.А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Каква судбина имале децата на најголемите диктатори на светот и дали ги стигнала кармата на нивните ... Синот на Сталин се самоубил, синот на Чаушеску ширел блуд и разврат, а Мусолини ...
5 правила за среќен живот според Италијанците Уживајте во едноставните задоволства и дајте му приоритет на семејството - кои с...
6 фрази со кои нарцисоидните личности глумат жртви, низ илустрации „Секогаш ме малтретираш“, „Само јас морам да се жртвувам“... Со кои добро научен...
Само 3 лица успеале да побегнат од озлогласениот затвор Алкатраз - Како им успеало? Веруваме дека сте слушнале за познатото бегство од Алкатраз во 1962 година. Трој...
Знаци дека вашата пријателка е во насилна врска (и можеби ѝ треба помош) Партнерот не ѝ дозволува да излегува со вас, нагло го променила стилот на облеку...
7 работи кои родителите треба да му ги кажуваат на своето дете (за тоа да израсне во самоуверена лич... Кажете му: „Верувам во тебе“ или „Знам дека можеш“. Чувството што секое дет...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg