Најсмешните теории на заговор

Нема сомневање дека во светот се случуваат повеќе работи отколку што можеме да знаеме, па од тука произлегуваат и теориите на заговор. Но, не секоја теорија на заговор е втемелена на вистина.

najsmeshnite-teorii-na-zagovor-01.jpg

Иако некои теории подоцна се покажале како вистинити, има стотици теории кои се далеку од вистината.

Еве неколку од нив:


Месечината не постои

Теоријата вели дека постои нешто зад „Месечината“, но она што го гледаме е всушност само еден голем холограм. Оваа теорија не се обидува ниту да го објасни овој холограм, ниту да каже кога е поставен, или да одговори на прашањето дали воопшто постои Месечината.


Диносаурусите помогнаа да се изградат пирамидите

Пирамидите веќе долго време се предмет на теории на заговор. Едно училиште во Малта, наречено „Accelerated Christian Academy“ има директор кој верува дека диносаурусите биле не само живи во исто време со луѓето, туку и дека им помагале на Египјаните во градењето на пирамидите.


Јогата е форма на сатанизам

Постојат голем број на луѓе кои веруваат дека јогата е всушност зла пракса, создадена да ги заведе луѓето во обожување на сатаната. Интернетот е преполн со „хорор приказни“ на луѓе кои тврдат дека за малку избегале од злото на јога часовите.


Аеродромот во Денвер е најлошото место на планетата

Аеродромот во Денвер е седиштето на: нео-нацистите, Новиот Светски Поредок, Илуминатите и самиот Сатана, во зависност од тоа со кој зборувате.

Овој аеродром е малку чудно место, бидејќи е исполнет со бизарни уметнички дела и прилично застрашувачка статуа на џиновски коњ со црвени очи.


Голем дел од светските лидери се всушност рептили од друга планета

Популаризирана е од озлогласениот теоретичар на заговор Дејвид Ајк. Идејата е дека светот е тајно воден од страна на рептили кои го менуваат обликот.

Најпознатите „рептили“ се кралицата Елизабета Втора и Барак Обама, кој наводно се хуманоиди од системот Алфа Драгонис и пијат крв.

Многу скептици тврдат дека оваа теоријата е украдена од некоја ТВ серија, во која вонземјаните доаѓаат на нашата планета и се преправаат дека се луѓе.

Ова е една од најпопуларните теории на заговор, а Дејвид Ајк има поддржувачи на неговата теорија во речиси 50 различни земји.

Автор: М.A. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Американец нашол чудна и морничава пештера во близина на Област 51 – исчезнал кога отишол да ја види... Во 2014 година, Кени од САД напиша коментар на Јутјуб во кој зборува за чудна пе...
Што открива обликот на телото за вашиот карактер? Едни се амбициозни и родени лидери, други се омилени во друштво, а трети - добро...
10 фотографии кои ќе ги излудат перфекционистите Погрешно ставена плочка среде идеален мозаик, жардињера со цвеќиња ставена настр...
Предлози за новогодишни подароци од македонски мали бизниси Новогодишните и божиќните празници се секогаш убав момент за подарување. Идеите ...
11 луѓе со уникатни генетски карактеристики и способности – вена во вид на срце, преплетени прсти „Мојот сопруг има вена во облик на срце на бицепсот“, „Левото стапало ми е многу...
Модерни навики и промени во светот што им пречат и на младите луѓе „Преку глава ми е што треба да користам посебна апликација за секој аспект од жи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg