Најбизарните диети во историјата

Кога здравата исхрана и вежбањето едноставно не се доволни, луѓето се вртат кон најновите, а често и најчудните планови за слабеење со надеж дека конечно ќе ја постигнат целта.

najbizarnite-dieti-vo-istorijata-01.jpg

Диетите за слабеење постоеле со векови. Погледнете на кои сè начини луѓето се обидувале да ја намалат тежината и кои биле најбизарните диети во историјата:


Избегнување на мочуришта

Во 1727-та година, Томас Шорт напишал трактат под наслов „Причините и ефектите на корпулентноста“, во која тој објаснува дека дебелите луѓе имаат тенденција да живеат во близина на мочуришта.

Негова препорака? Дебелите луѓе треба да се преселат на место со сува клима.


Глад или хистерија?

Во втората половина на 19-от век, еден вид на „Викторијанска анорексија“ била популарна меѓу средната класа и аристократија на Западна Европа.

Луѓето буквално гладувале со цел да бидат слични со аристократите.


Диета со оцет

Англискиот поет Лорд Бајрон ја популаризирал диетата со оцет во 1820-та година. За да го исчисти телото тој дневно пиел многу оцет заедно со својот чај и сирови јајца.

Несаканите ефекти од диетата вклучувале повраќање и дијареја.


„Флечеризирање“

Во Сан Франциско во 1903-та година, продавачот на уметнички дела Хорас Флечер станал познат како „Големиот Џвакатор“ откако изгубил 40 килограми џвакајќи ја неговата храна без да ја голта.

Секој залак го џвакал 32 пати и остатоците ги плукал. Сметал дека неговото тело ќе ги апсорбира хранливите материи кои му се потребни и без голтање.

Неговото мото гласело: „Природата остро ќе ги казни оние кои не џвакаат.“


Диета со сапун

Измијте ги мастите со туш? Звучи премногу добро да биде вистина. Но, во 30-тите години се произведувале сапуните „Fatoff“ и „Fat-o-no“.

И покрај нивните грандиозни тврдења, овие сапуни немале магични содржини: во суштина биле обични сапуни направени со калиум хлорид и други основни состојки.


Диета со спиење

Тешко е да се јаде додека се спие. Тоа била идејата зад оваа диета која била популаризирана во 60-тите години. Следбениците на диетата пиеле многу седативи за да спијат со денови.

Автор: М.A. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 совети кои ќе ви помогнат да си ја подобрите финансиската состојба до крајот на годината Не се задолжувајте за да ги импресионирате другите и одредете реален буџет – што...
Работи што на вработените од разни сектори им е „преку глава“ да ги слушаат, низ илустрации Некои луѓе очекуваат бесплатна фотосесија од нивниот пријател кој е професионале...
5-те најпознати изгубени технологии за кои уште не знаеме како настанале Светот никогаш не бил повеќе технолошки напреден отколку што е сега, но тоа не з...
Очекувања vs. реалност: „Што порачав онлајн, а што добив?“ Некои корисници на интернет покажаа што порачале онлајн, а што всушност добиле.....
Кои бои ќе ви донесат среќа и пари во 2024-та година, според Фенг шуи? Која боја треба да доминира во вашата облека и во уредувањето на домот за 2024-т...
Митови за каубоите во кои веруваме поради холивудските вестерн филмови Нивната работа била многу тешка, немале време за конфликти со Индијанци, ниту, п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg