9 работи кои можете да ги направите кога се чувствувате осамено

Понекогаш, и покрај гужвите кои ве опкружуваат, обврските и состаноците кои ве очекуваат, можете да се чувствувате осамено. И тоа не е ништо чудно. Само е знак дека ви треба време за себе.

9-raboti-koi-mozete-da-gi-napravite-koga-se-cuvstvuvate-osameno-01.jpg

Што можете да направите во таквите моменти, кога ништо не ви се чини доволно добро?

Наместо да истрчате незадоволни кај пријателите за да ја пополните празнината, пробајте некоја од овие 9 работи:

1. Подгответе си купка

Наместо да се задоволите со 5-минутното туширање, денес направете си топла купка полна со пена, латици и миризливи масла. Дајте си време за да се разгалите со чаша вино и темно чоколадо. Чувствувајте се луксузно во својот дом.


2. Шетајте

Тоа што сте надвор во природа може значително да ви го подобри расположението. Научете дека самотијата понекогаш е предност. Искористете ја максимално и фокусирајте се на своите сетила и мисли.


3. Одете во кино

Да, сами, упатете се кон најблиското кино и купете билет. Гледањето серии или филмови на компјутер и онака го практикувате секојдневно, тогаш зошто не би се почестиле со неколку часа во поинаква атмосфера?


4. Одете на јога

Наместо да вежбате дома, пробајте како ќе ви оди еден час по јога. Почувствувајте го комфорот и релаксацијата од оваа активност. Ако не ви се допаѓа, важно сте пробале нешто ново.


5. Читајте

Залутајте во некој пишан, паралелен свет. Изгубете чувство за време и место.


6. Испијте топло кафе по ваш вкус

Изгледа едноставно, но ќе ви ја врати енергијата. Нарачајте поинакво кафе, со многу пена, со некој сладок ликер или со цимет, зависи што сакате најмногу. Изолирајте се од светот во некое локално кафуле и вкусете го голтка по голтка.


7. Одете во библиотека

Последниве години библиотеките станаа заборавено место. Но, никогаш не знаете каков наслов може да откриете таму.


8. Променете ја фризурата

Може тоа да е минимално потстрижување или некоја ексцентрична промена - неважно. Важно е да промените нешто на себе.


9. Станете си најдобар пријател

Ако сè уште не сте свој најдобар пријател, направете го тоа во првиот момент кога ќе се почувствувате осамено. Откријте нешто повеќе за себе, предизвикајте се самите себеси и најважно до сè - научете да уживате во свое друштво.

Би можело да ве интересира:

Жени воини од античкиот свет кои треба да ги знаете Историчарите од античкиот свет забележале приказни за импресивните женски воени ...
Љубовните афери кои британското кралско семејство сака да ги заборавиме Аферата на принцот Ендру со актерка од еротски филм, но и двете афери на принцез...
Страв од жолта боја, страв од донесување одлуки: Необични фобии за кои сигурно не сте знаеле дека по... Иако на повеќето им се има случено да им се налепи путер од кикиритки на горниот...
Сопругот ја убил, нејзиниот дух помогнал во решавањето на случајот: Морничавата приказна на Елва Хес... Постојат многу застрашувачки, тажни, но и бизарни приказни за натприродни појави...
Најбогатите бизнис династии во светот (и како ги заработиле парите) Семејството што го поседува брендот Chanel има богатство од околу 95 милијарди д...
Пар наместо дете посвоил возрасна жена со џуџест раст, која сакала да ги убие - Бизарниот случај на ... Кога маж и жена ја посвоиле Наталија Грејс во 2010-та, тие мислеле дека таа е 6-...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg