Како да ја победите емоционалната болка?

Кога ќе тргнете на едно патување можат да се случат многу предвидени но и непредвидени крајни резултати, замислете колку работи можат да се случат на патувањето наречено живот.

Kako-da-ja-pobedite-emocionalnata-bolka-01

Сите сме свесни дека на такво долготрајно патување не можат да не следат само убави нешта, без разлика колку среќата ни е наклонета. Затоа, според Њутновиот закон за акција и реакција, паралелно на љубовта оди процесот на одбивање, среќата се надополнува со тагата, а после секоја добивка пропорционално следи и  загуба.

Таквите емоционални дупки се неизбежни, но еве неколку совети како полесно да бидат надминати.

1. Состојбата на неуспех

Сигурно секој од вас се соочил со ситуација каде вашето постигнување на посакуваната цел било доведено во прашање и притоа вашето его доживеало невиден удар. Но, треба да сфатите дека доколку сте доживеале неуспех во едно поле од вашиот живот тоа не значи дека вие сте пропаст во сите полиња од вашиот живот. Што би рекле ако е изгубена битката, не е изгубена војната.

Експертите велат дека најдобар лек за ваквата состојба е разговор со личности кои се блиски до вас. Тие сметаат дека токму вашите блиски би можеле да ви помогнат да ја согледате убаво ситуацијата, да ве натераат добро да размислите што се можете да изгубите и добиете од тоа искуство и едноставно да ве натераат да размислувате реално.

Исто така еден третман за да го надминете стравот од неуспех за ситуациите кои не се случиле сè уште, но вие се плашите дека вашиот труд нема да биде доволен, е да ја замените состојбата на безизлезност, страв и тага со хумор кон токму таквата состојба. Тоа ќе биде одличен начин да се справите со вистински или измислен неуспех. Се верува дека ако најдете начин да ги отргнете мислите за страв од неуспех, вие всушност можете да направите како тој воошто да не се случил.


2. Отровниот ефект на вина

Најчесто емоционалните болки ви ги предзвикува надворешниот свет, но што ако вие сте изворот на вашата емоционална болка ?
При чувството на вина вие сте изворот на она што ве прави несреќни. При таква состојба најчесто се исполнувате со чувства кои едноставно го загрозуваат вашето секојдневие.

Но, треба да имате на ум дека сето тоа може да биде надминато. Доколку се чувствувате виновни за нешто, најдобро е да се извините, секако ако тоа е можно, за да можете да се ослободите од тоа чувство кое ве заробува. Кога другите ќе ви простат, простете си и вие самите и можеби ќе видите дека луѓето кои сте сметале дека сте ги изневериле ќе бидат оние кои ќе ве бодрат да го преживеете ова чувство на вина.


3. Страв од самотија

Луѓето, колку и да звучи чудно, можат да останат сами низ целиот свој живот. Колку подолго останувате без блиски контакти со другите, сè потешко ви е да остварите конекција со нови луѓе, но понекогаш и со оние кои би ви биле стари пријатели.

Доколку сте цврсто убедени дека никој нема да ве сака, да се грижи и да се бори за вас, тогаш првично нешто што треба да го направите во оваа состојба е да престанете да бидете песимистични. Бидејќи со таквото постојано размислување ќе живеете со фактот дека другите постојано мислат негативно за вас.

Во тие моменти треба да научите да го контролирате вашиот скептицизам и да престанете беспотребно да зборувате негативно за вас самите. Сфатете дека никој не се родил со способноста да биде комуникативен и прифатен во друштвото и никој не се раѓа со својата сродна душа. Ако направите промена во вашето размислување и однесување, почнете да се социјализирате и бидете оптимистични наместо песимистични, ова чувство на самотија веднаш ќе исчезне, а вие ќе уживате во вашиот исполнет живот.

Запомнете дека емоционалната болка е навистина голема, можеби и поголема од физичката болка, но нема проблем кој не можете да го решите.

Пред тестот кој ви го поставил животот напнете силно и износете го товарот кој ви е наметнат. Колку и да си мислите во тој момент дека тоа е невозможно, грешите.

Вие сте создадени за големи нешта, не дозволувајте негативното размислување околу вашите способности да ве спречи да ги остварите истите.

Н. Буџак | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Судбински средби и нови почетоци – Каква енергија ви носи денешниот датум 11.01? Денес треба да го направите првиот чекор за сите ваши соништа да станат реалност...
Според нумерологијата и датум на раѓање: Личности кои најдобро знаат да даваат совети Иако оваа способност може да ја имаат личностите родени на кој било да...
Локумадес - 2 евра, лежалки - од 5 до 30 евра: Како се движат цените во Полихроно летово? Иако сезоната 2023 е во полн ек, Македонците кои веќе летуваа таму велат дека це...
10 женски и 10 машки предлог имиња за дечиња родени во лето Летото е веројатно еден од најубавите периоди за нови почетоци. Топлото време, д...
На 8 години останала без едно око, а денес е една од најубавите жени во БиХ – Неверојатната приказна... „Недостигало милиметар да го изгубам другото око, милиметар за да не ми биде ниш...
Елен, сокол: Кое е вашето духовно животно според неделата во која сте родени? Елен - на луѓето им носите оптимизам, љубов, радост и среќа. Но, често заборават...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg