Уникатни обичаи кои ќе ги видите само во одредени култури

Светот е полн со уникатни и различни култури. Овие традиции и обичаи понекогаш се шират и во странство. Некои од нив се прекрасни, а некои можат да бидат шокантни и необични.

Unikatni-obicai-koi-ke-gi-vidite-samo-vo-odredeni-kulturi

Уникатни обичаи кои ќе ги видите само во одредени култури:

Taarof

Taarof е иранска практика, односно вршење гест на почит. На пример, во некои претпријатија се смета за љубезност доколку продавачот ја одбие исплатата од клиентите кои се на повисок социјален ранг. Продавачот може да одбие исплата неколку пати пред да му дозволи на корисникот да го убеди да прифати. Оваа практика може да биде многу збунувачка за странците и туристите.


Mano Po

Ова е гест кој го симболизира почитувањето на старешините. Ова се практикува претежно на Филипините и некои делови од Малезија и Индонезија. Прилично  е често на семејните собиранки на децата да им се укаже да побараат благослов на овој начин од своите постари роднини.


Bayanihan

Друг уникатен аспект на филипинската култура е bayanihan, односно буквално преселување на целиот дом на нова локација. Селаните се собираат за да ги дигнат структурите кои ги носат на друга локација. Bayanihan се јавува главно во руралните области, бидејќи таму живеалиштата се направени од полесни материјали, како бамбус.


Доцнење

Во многу делови на светот доколку доцните на социјални собири ќе ве сметаат за невоспитана личност, но тоа не е случај во Јужна Америка. Во Чиле, ако домаќинот вели дека вечерата започнува во 8:00 часот, гостинот треба да пристигне околу 08:15 или 08:30. Доколку се стигне порано, тоа се смета за непристојно.


Алкохол

Русија е една од највисоко рангираните земји во светот во потрошувачката на алкохолот. Вотката е водечката причина за смрт од болести на црниот дроб и труење со алкохол. Поради тоа постојат многу правила за бонтон и пиење во Русија.

На пример, ако задоцните на вечера ќе мора да испиете полна чаша вотка, без прашања и никогаш не треба да се наздравувате со празна чаша.


H
aka

Haka е традиција на Маорите од Нов Зеланд. Ова вклучува одредени изрази на лицето, завивање, гласно пеење, газење, плескање и сл. Ова е повеќе од воен танц, можат да се користат поезијата и уметноста.

Еден пример е момент што се случи по снимањето на Господарот на прстените, кој беше снимен на Нов Зеланд, а во него беа вклучени многу локални актери. Виго Мортенсен бил познат по извршување на многу акробации, со што се здобил со почит тимот. На неговиот последен ден од снимањето, екипа изврши haka за него и уште еден член на екипажот.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жени откриваат – Со какви изговори мажите ги избегнуваат обврските низ домот? „Бившиот ми рече дека ја отпуштил хигиеничарката од неговиот дом бидејќи сега ме...
10 предмети за домаќинството што можете повторно да ги искористите (и да заштедите пари) Направете декорации со картонските кутии од јајца. Претворете ги кутиите за чевл...
Убил девојка, па отишол на кафе – Морничавите злосторства на Холанѓанецот кој призна вина по 18 годи... Јоран ван дер Слут од Холандија неодамна призна дека убил 18-годишна девојка, це...
6 неочекувани навики поради кои никогаш не сте доволно наспани Вежбате навечер и носите несоодветни пижами – кои навики можат да имаат негативн...
12 трикови што треба да ги знаете – ќе ви го олеснат секојдневието За да не ви се „распадне“ кашкавалот додека го рендате, прво ставете го во замрз...
За училиште, градинка, роденден: Едноставни фризури за вашите ќерки (видео) Плетенки како Елса, коњски опавчиња, панделки и многу пеперутки – вашите мали пр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg