36 правила кои секоја вистинска дама треба да ги практикува

Денес, не е лесно да бидете жена. Постојат толку многу правила, а допрва се измислуваат и нови околу тоа како да бидете најдобрата жена и како да сте совршени. 

36-pravila-na-vistinskata-dama-na-patot-do-uspehot-01

Како што мажите имаат правила околу џентлменството, жените имаат водич по кој мора да се придржуваат ако сакаат да бидат дами.

Во тој водич, спаѓаат и овие 36 правила:

1. Никогаш немојте да имате лош здив – нема ништо полошо од згодна девојка со лош здив. Постојано носете ментол бонбони или мастики.

2. Внимавајте колку пиете – нистинската дама никогаш не се онесвестува, ниту не знае што прави. Знајте го лимитот и никогаш не го преминувајте.

3. Одвреме-навреме патувајте сами – ќе научите многу за себеси и за културата на државата на еден тотално нов начин.

4. Секогаш имајте секси фустан кој може да го носите секаде.

5. Носете го бројот што треба да го носите, а не оној кој го посакувате.

6. Без шминка сте најубави – но, ако морате да носите, тогаш таа нека биде лесна.

7. Секогаш имајте 3 правила по кои ќе живеете – тие треба да вклучуваат љубов кон себеси, мотивација и флексибилност.

8. Одете на вечера или на кино сами – не мора на двете во иста вечер, но одвреме-навреме направете го тоа за вас. Почестете се со убав состанок.

9. Не ги озборувајте другите жени – наместо тоа, мотивирајте ги.

10. Правете чучнувања и вежбајте ги нозете – Вашиот задник ќе биде задоволен.

11. Научете дека да се биде секси е ништо повеќе од начин на размислување.

12. Секогаш бидете свои – не се менувајте за некој да ве сака, не се однесувајте како некој што не сте и не ги имитирајте другите луѓе.

13. Секогаш мирисајте добро.

14. Никогаш не глумете со маж – тој ќе продолжи да мисли дека е добар во нешто, но реалноста е дека му е потребна помош.

15. Одете со некој кој е комплетно грешен за вас – ќе научите некоја лекција плус.

16. Проверете како е да живеете сами – без цимери, момчиња или семејство.

17. Во ред е да се зачлените на онлајн сајт за љубовни состаноци – само треба да откриете кој е вреден за вашето време.

18. Поддржувајте ги целите и соништата од вашите пријатели – и помогнете им ако можете.

19. Ако не можете да одите во штикли, тогаш воопшто не ги носете.

20. Кога преговарате за поголема плата побарајте ја истата сума што би ја побарал маж.

21. Во ред е да бидете сингл и да се фокусирате на кариерата и на себеси – една жена треба да излезе на состанок со себеси пред да го пронајде Вистинскиот.

22. Кога излегувате, секогаш имајте вишок пари – никогаш не се знае кога ќе ви притребат.

23. Прифатете ја вашата сексуалност – сосема е во ред да имате секс и да сакате да го имате.

24. Секоја година правете листа со цели и буџет и следете го.

25. Имајте тајна сметка за итни случаи и долго посакувани цели.

26. Никогаш не се задоволувајте со помалку од тоа што заслужувате – ниту во животот, ниту во кариерата, образованието, мажите или целите.

27. Не лажете за годините – прифатете ги.

28. Постојано честете се со маникир и педикир – вистинската жена има средени нокти во секое време.

29. Во ред е да побарате помош, но откако ќе се обидете и нема да успеете сами да го направите нештото.

30. Единствените 3 изговори за плачење кои една жена смее да ги има се: смрт, радост и скршени коски.

31. Купете недвижнини и научете да инвестирате.

32. Читајте – за светот, политика, иновации и трендови.

33. Научете по нешто за спортовите – одберете тим, гледајте некој спорт и врискајте му на телевизорот.

34. Кажувајте лоши вицови.

35. Не ги слушајте осудувањата – тие доаѓаат од несигурност.

36. Имајте личен стил.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што открива за вас начинот на кој се однесувате на слава? Дали сте од оние кои јадат брзо или бавно на слава, дали прибирате што ќе јадете...
Подароци кои не треба да им ги купувате на најблиските (и што да изберете наместо тоа) Предмети за домаќинството, спортски реквизити или вага за мерење... Што да им по...
Ситуации во кои мажите често се дискриминирани, низ илустрации Срамота е мажот да заработува помалку од сопругата, тие не смеат јавно да покажу...
6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...
9 психолошки трикови со кои секогаш ќе дознаете дали некој ја зборува вистината Како вие вообичаено ги фаќате луѓето што ве лажат? Постојат 9 проверени психолош...
Индиец силувал над 40 девојки и жени – Полицијата го бранела, па неговите жртви го линчувале во судн... Над 200 жени од Индија решиле да ја земат правдата во свои раце откако залудно г...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg