Зошто луѓето го мразат Денот на вљубените?

Св.Валентин и не е некој голем празник кој задолжително мора да се слави кај нас. Иако Св. Трифун е многу поголем празник, сепак поголемо значење му се придава на првиот.

zosto-lugjeto-go-mrazat-denot-na-vljubenite-01

Но, со текот на времето, Св. Валентин го губи местото на „најпосакувани празници“.

Зошто Св. Валентин е еден од најомразените празници?

Верувале или не, повеќе од 2/3 луѓе на Западот не се веселат на 14-ти февруари. За поголемиот дел, прославување на Денот на вљубените станало нешто монотоно, досадно и исфорсирано. Изгледа дека овој празник се извештачил и станал клише.

Мажите и жените имаат чувство дека присилно мора да купат подарок за саканата личност, а дека за прославата на тој ден мора да фрлат повеќе пари затоа што „таков е редот“.

Покрај сѐ, 1/4 од паровите веќе испланирале романтична вечера во ресторан затоа што навистина сакаат да го прослават празникот. Од истите причини, мажите ќе им купат цвеќиња на нивните поубави половини - т.е. за секој случај.

За среќа, ужасните мечиња и срциња веќе не се интересни ни за децата и нивните први љубови. Станува збор за тоа ако веќе се мора, дека секој посакува оригинален подарок, а не некоја глупост која само ќе собира прашина. 

Мажите, како и секогаш, фантазираат да ги видат нивните дами во секси долна облека. Но, никој не подразбира дека таа мора да биде розова или црвена.

Сѐ на сѐ, никој нема ништо против љубовта, но на сите им е смачено од извештачено искажување на истата.

Затоа, ако го славите овој празник израдувајте го или бакнете го партнерот од срце, а не затоа што „така е редот“.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас кога сум ти лут, ама пак те сакам“: Забавни илустрации од Том и Џери во кои секој ќе се пронајд... „Кога плачам ама морам да се видам во огледало дали сум убава...“, „Каков с...
Најбогатите бизнис династии во светот (и како ги заработиле парите) Семејството што го поседува брендот Chanel има богатство од околу 95 милијарди д...
Неверојатни фотографии кои покажуваат колку всушност е огромна вселената Сте виделе ли како изгледа Земјата фотографирана од Марс или, пак, колкава е во ...
13 фотки кои докажуваат дека Јапонија е како земја од друга планета Панорамско тркало на покрив од облакодер, чудна улична мода и бизарни продукти з...
Малала Јусафзаи и уште 4 деца што го променија светот Во свет во кој често доминираат гласови и постапки на возрасни, инспиративно е д...
Тајните и легендите на планината Шаста, домот на мистичните суштества од Лемурија Планината Шаста е позната како едно од најсветите места на Земјата, а многумина ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg