3 совршени совети од најсреќниот човек во светот

Метју Ричард е будистички верник роден во Франција, преведувач, фотограф и писател кој има многу книги и текстови за будизмот.

3-sovrseni-soveti-od-najsrekniot-covek-vo-svetot-001.jpg

Медиумите често го нарекуваат „најсреќниот човек на светот“, а оние кои го запознале тврдат дека е невозможно да не почувствувате среќа во негова близина.

За да достигнете барем дел од неговата среќа, ги издвојуваме неговите 3 најдобри совети:

1. Не мисли само на себе

Ако постојано мислите ви се вртат само околу себе и околу тоа колку сте добри, порано или подоцна ќе се исцрпите. Својата околина ќе почнете да ја гледате како закана. Бидете срдечни, пријателски настроени, но во исто време не дозволувајте им на другите да ве користат.

2. Почни да го тренираш својот ум

Како што на секој маратонец му требаат подготовки за трчање на долги патеки, така и на вашиот ум му треба интензивен тренинг за да стане среќен. Среќата се состои од 3 главни работи: внимание, емоционална рамнотежа и добрина. Замислете ги како вештини кои треба да ги научите.

3. Мислете на нешто убаво барем 15 минути секој ден

Насочете ги своите мисли кон нешто што ви делува пријатно и пробајте никој да не ви го попречи убавото чувство. Почнете тоа да го правите секој ден, а резултати ќе видите за точно 2 недели. Ќе забележите дека чувствата ви се позитивни и дека полека се менува начинот на кој го доживувате светот.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најмладиот сериски убиец во светот: На 8 години ја убил сестра му Во 2007 година, осумгодишниот Амарџит Сада имал насмевка на лицето додека го нос...
8 фрази што ги користат луѓето кои се лицемерни кон вас, за да ве манипулираат „Не мисли толку многу“, „Заборави и опушти се“, „Не сакам да се фалам...“ Кои ре...
„Ја заборавив дома“ – Кој ви беше омилен изговор кога немавте напишано домашна? „Куче ме бркаше додека си одев накај дома... Ми ја зеде тетратката со домашната“...
Фотографии кои ќе ве натераат да кажете „Ах, ова е Италија“ Тераса во облик на чаша вино, па каде ако не во Италија? Ренесансни скулптури им...
Низ илустрации: 12 докази дека помладите генерации се како од друга галаксија Купувањето онлајн станува попопуларно од пазарењето во продавница, а и барањето ...
Добил смртна казна на 16 години, мислел дека е 500-годишен вампир – Бизарниот случај на Род и негови... На 16 години, Род од САД станал лидер на култ и ги убедувал членовите дека самио...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg