Едноставни објаснувања зад 6-те класични магионичарски трикови

Моќта на секој добар магионичар лежи во способноста да ве држи во исчекување на нивниот најнов трик кој ретко кој може да си го објасни.

ednostavni-objasnuvanja-zad-6-te-klasicni-magicni-trikovi-01.jpg

Често ни се чини дека магионичарите се навистина способни да направат работи кои пркосат на сите закони на Универзумот, но факт е дека се потпираат на трикови кои ние не можеме да ги забележиме.

Тајна број 1: Сечење на половина

Сите ние сме имале можност да го видиме овој трик кога магионичарот сече жена на половина, но не би биле така шокирани ако знаеме дека магионичарот всушност има две асистентки.

ednostavni-objasnuvanja-zad-6-te-klasicni-magicni-trikovi-1.jpg

Тајна број 2: Банкнота искината на половина

До неодамна луѓето се чудеа како Дејвид Коперфилд успеа да пресече банкнота на половина, а потоа уште еднаш да ја покаже истата банкнота и да биде недопрена. Тајната е во моливот кој е пресечен на половина и поврзан со два магнети. Ова помага банкнотата да помине неоштетена од моливот.

ednostavni-objasnuvanja-zad-6-te-klasicni-magicni-trikovi-2.jpg

Тајна број 3: Левитација

Тајната на овој трик кој е популарен меѓу уличните магионичари е добро сокриена потпора која претставува продолжение на стапот на кој се држат.

ednostavni-objasnuvanja-zad-6-te-klasicni-magicni-trikovi-3.jpg

Тајна број 4: Чашката која исчезнува

Магионичарот обично става чаша на маса ја покрива со марамче и прави да исчезне. Прво, на марамчето има сошиена жица која креира илузија дека чашата е под марамчето. Второ, чашата влегува во дупка која е специјално дизајнирана за да ја собере чашата.

ednostavni-objasnuvanja-zad-6-te-klasicni-magicni-trikovi-4.jpg

Тајна број 5: Цик-Цак

Успехот на овој трик во голема мера зависи од способноста на асистентката на магионичарот да ги задржи своите раце и нозе во одредена позиција во тесен простор.

ednostavni-objasnuvanja-zad-6-te-klasicni-magicni-trikovi-5.jpg

Тајна број 6: Како се навалуваше Мајкл Џексон?

Тајната е во специјално дизајнирани чевли кои имаат потпора на ѓонот на чевлата и вградена потпора на самиот под.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жените се грижат за парите, си го тетовираат лицето: Факти за племето Рабари од Индија Жените во ова племе го имаат главниот збор што се однесува до финасиите. Мажите ...
Во кои држави живеат најубавите жени во светот? Според резултатите од меѓународните натпревари за убавина, како Мис на светот, н...
8 луѓе кои ги најдоа своите двојници на уметнички слики во музеј (фото) Замислете да отидете во посета на некој музеј и меѓу уметничките слики на познат...
9 причини зошто животот на Малдиви е тежок (и е далеку од рај за локалците) Храната што ја јадат локалците е еднолична, основните трошоци можат да бидат мно...
7 начини да престанете да ги сфаќате работите лично Прифатете дека вашата вредност како човек зависи само од вас, а не од работите ш...
7 знаци дека сте токсична личност (и како да го промените тоа) Никогаш не сте среќни за другите и никогаш не преземате одговорност за вашите по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg