20 начини како да бидете подобри и погрижливи пријатели

Тоа се луѓето кои се секогаш на наша страна, без разлика дали е прашање на некое непријатно раскинување или незаборавна забава, семејни проблеми или неделно уживање во кафе.

20-nacini-kako-da-bidete-podobri-i-pogrizlivi-prijateli-01.jpg

Зошто тогаш најмалку се трудиме и вложуваме во нашите најважни и најблиски пријателства? Со години сме растеле заедно, може да се каже нешто како сродни души, сè сме делеле и најлошо и најдобро...

Понекогаш добро е да ги потсетиме нашите пријатели колку многу ни значат.

20 начини како да бидете подобри и погрижливи пријатели:

1. Подгответе го неговиот/нејзиниот омилен оброк – без посебна причина.

2. Одма штом ќе видите одговорете на повикот или пораката.

3. Отпечатете ги вашите омилени фотографии и на задната страна напишете што ве потсетува на таа фотографија.

4. Сте налетале на маица која е како создадена за најдобриот пријател? Купете ја.

5. Пратете и по некоја носталгична порака (но, не пречесто).

6. Запаметете ги имињата на колегите со кои работи.

7. Ако слушнете дека некој кажал нешто убаво за нив, кажете им го тоа.

8. Позајмете ја вашата омилена книга, означете ги деловите кои најмногу ви значат.

9. Платете го кафето.

10. Не го употребувајте мобилниот додека се дружите.

11. Секогаш исполнувајте ги ветувањата.

12. Направете ѝ секогаш да се чувстува пријатно кога вие сте покрај неа.

13. Споделете тајна или непријатна ситуација кој никој друг не ја знае.

14. Кажете дека изгледа феноменално.

15. Извинете се, дури и кога е предоцна за тоа.

16. Закажете заеднички третман за разубавување.

17. Запаметете ги важните животни случувања и ситуации кои заедно сте ги поминале.

18. Однесете го/ја на пријателски состанок.

19. Кажете благодарам – за сè.

20. Престанете да давате совети освен ако не биле побарани од вас...

Што ќе додадете на листата?

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Девојко, имам мерцедес, сакаш да го возиш?“ - Македонците ги открија најлошите фрази со кои им се д... „Пред неколку години додека чекав ред пред тоалет во ноќен клуб еден дечко заста...
Колекционери ги покажуваат своите уникатни колекции (фото) Розови калкулатори, разни изданија од една книга, лути сосови – многу луѓе ширум...
8 уникатни прослави и обичаи што ги прават Јапонците целосно поразлични од нас На Божиќ јадат торта со јагоди, имаат многу пролетни фестивали, а последните ден...
Жените му биле секс робинки, ги жигосувал со неговите иницијали – морничавиот култ на Кит Раниер Криејќи се зад семинари за личен развој, Кит Раниер направил култ во кој ги експ...
Мажите си ги разменуваат жените, имаат секс по 5 пати на ден: Факти за Бушманите Поим за убавина им се жените со голем задник, пушат халуциногена билка и имаат с...
7 деструктивни навики кои треба да ги избегнувате (за да бидете посреќни) Минатото е завршено – ослободете се од него. Во животот ќе ви се случуваат и раб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg