Разгледницата која еден маж ја добил 9 месеци откако ја напуштил неговата бремена љубовница

Животот знае да ни приреди многу изненадувања. Секако, сите ние имаме некакви планови за иднината и често успеваме да ги оствариме, но неочекуваните нешта секогаш успеваат да „тропнат на нашата врата“.

razglednicata-koja-eden-maz-ja-dobil-9-meseci-otkako-ja-napushtil-negovata-bremena-ljubovnica-01.jpg

Ова посебно важи кога мислиме на љубовта која игра голема улога во нашите животи.

Еднаш, еден маж кој веќе бил во брак имал љубовница од Италија. Еден ден, таа му рекла дека е бремена.

Мажот не сакал да си ја уништи репутацијата ниту долгогодишниот брак, па ја замолил својата љубовница да се врати назад во Италија и детето да го роди во тајност.

Ѝ ветил дека парично ќе се грижи за детето, сè додека не наполни 18 години.

Жената се согласила да си замине и го прашала како да му потврди дека детето е родено.

Мажот ја замолил да му испрати разгледница со зборот „шпагети“ кога ќе се породи.

Се збогувале, а љубовницата се вратила назад во Италија.

Поминале 9 месеци...

Една вечер, кога мажот се вратил дома, наишол на неговата сопруга со широко отворени очи кои прашално гледаат право во него.

„Злато, денес добивме многу чудна разгледница“ - рекла сопругата.

„Интересно... Дај ми да ја видам“ - одговорил мажот.

Сопругата му ја донела разгледницата и ја следела неговата реакција. Човекот, најпрво прочитал неколку редови од кои неговото лице пребледело, а потоа се онесвестил.

На разгледницата пишувало: „Шпагети, шпагети, шпагети , шпагети , шпагети . Три со топчиња од месо, две без. Те молам испрати повеќе сос...“

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 популарни имиња со силно значење за момчиња и девојчиња родени во октомври Ако вашето бебе треба да се роди во октомври, а вие и понатаму немате избрано им...
Била опседната со секс, спиела со 300 мажи - Детали за бурниот љубовен живот на Катерина Велика Обожавала еротски масажи, а сопругот ѝ бил еден вид макро. Ретко кој можел да ги...
Бизарно: Јапонец живее како куче - Носи костим, јаде кучешка храна Во свет кој ја слави индивидуалноста и разновидните животни стилови, постојат по...
Мајка ѝ умрела под мистериозни околности, 16 години никој не знае каде е: Судбината на сопругата на ... Се претпоставува дека сопругата на Дејвид Мискевиџ – лидерот на скиентолошката ц...
Улиците се претворени во писти – Како изгледа животот во гратче каде што сите имаат авион? Гратчето Спрус Крик во САД е изградено околу приватен аеродром, каде што жителит...
14 наши навики кои прават да бидеме несреќна и огорчена личност Кажуваме „да“, кога сакаме да кажеме „не“. Трпиме многу, а потоа се прашуваме зо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg