Дали можете да погодите која е најгрдата боја во светот?

Боите имаат неверојатна моќ да разбудат разни позитивни чувства како: задоволство, среќа, радост...

dali-moze-da-pogodite-koja-e-najgrdata-boja-vo-svetot-01

Но, постојат нијанси кои имаат и негативен ефект врз човечкото тело.

Една од нив е прогласена за најгрдата боја во светот.

Станува збор за кафено-зелена нијанса – микс од маслинесто зелена и кафеава боја – која добила бројни епитети како боја на нешто валкано, талог, па дури и смрт, а нејзиниот службен назив гласи Pantone 448C или opaque couchѐ.

dali-moze-da-pogodite-koja-e-najgrdata-boja-vo-svetot-02

Иако оваа боја има негативен призвук, сепак нејзината порака е многу важна и моќна.

Всушност, меѓу сите бои и нијанси од сончевиот спектар, најгрдата боја во светот е одбрана за да влијае врз пушачите и да ги поттикне на откажување од цигарите.

Пред 4 години, австралиската влада ја ангажирала истражувачката агенција GFK чија цел било да го направат најнепривлечниот дизајн за кутија цигари кој би требало да биде единствен за сите брендови.

По 3 месеци истражување, експертите дошле до заклучок дека најнегативен ефект може да постигне токму opaque couchѐ која во комбинација со графичко предупредување на опасност за здравјето, има неверојатно негативен ефект врз набљудувачите, но и корисниците на производот.

Пред да биде донесена финалната одлука околу боите кои можат да помогнат за престанување на пушење, во потесниот круг се нашле боја на лимета, бела, беж, темно сива и сенф боја, но и темно кафеавата која прва излегла од конкуренцијата затоа што премногу потсетува на чоколадо.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 (сигурни) знаци дека сте ментално силна личност Менталното здравје ви е високо на листатата со приоритети, па затоа ги избегнува...
Низ илустрации: Секојдневието на девојките кога никој не гледа (ќе се пронајдат сите) Болните денови од месецот кога само сакате да лежите во удобна облека, маката ко...
Екипаж кој исчезнал без трага, чудни повици за помош - 5-те најголеми поморски мистерии Во 1955 година, MV Joyita, мал рибарски брод, тргнал на рутинско патување на Пац...
Локумадес - 2 евра, лежалки - од 5 до 30 евра: Како се движат цените во Полихроно летово? Иако сезоната 2023 е во полн ек, Македонците кои веќе летуваа таму велат дека це...
Што открива обликот на телото за вашиот карактер? Едни се амбициозни и родени лидери, други се омилени во друштво, а трети - добро...
Му дала 4 милијарди долари, му го препишала богатството: Како фотограф ја измамил наследничката на L... Познат фотограф успеал да извлече огромна сума пари од најбогата жена на светот&...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg