13 активности кои ќе ве освежат и ќе ве поттикнат да го живеете животот подобро

 Многу е лесно да западнеме во рутина. Денес треба направам ова, утре она ... и така до недоглед. Некогаш рутините стануваат досадни и бараме разонода.

13-aktivnosti-koi-kje-ve-osvezhat-i-kje-ve-pottiknat-da-go-zhiveete-zhivotot-podobro-001.jpg

Ако имате слободно време и не знаете што да направите со него, овие 13 нешта ќе ве поттикнат да го живеете животот подобро:

1. Истражувајте некое ново место

Макар да се во прашање само 30 минути после работа, прошетајте се по некоја нова уличка или дел од градот во кој никогаш не сте биле. Новата локација ќе поттикне интерес кај вас и ќе направи да се чувствувате како да сте направиле нешто забавно.

2. Преместете го мебелот

Оваа мала активност може да направи да се чувствувате подобро и домот да ви изгледа како нов. Преместувајте го мебелот секој ден сѐ додека не најдете распоред кој ви се допаѓа.

3. Планирајте одмор

Слободниот ден од работа искористете го како мини одмор. Наполнете го фрижидерот со омилената храна, направете спа ден и гледајте го омилениот филм. Ајде, знаете дека го заслужувате тоа.

4. Пробајте нова храна

Одберете некој рецепт кој долго време сте биле премногу мрзливи за да го подготвите и овој пат навистина направете го тоа. Половина од возбудата е да откриете што ќе приготвувате.

5. Уживајте во нешто што никогаш не сте си го дозволиле

Дозволете си да каснете од тој кремастиот сладолед или пица кои долго време не сте ги вкусиле. Само помислете колку ќе се радувате на нивниот вкус.

6. Посвојте домашно милениче

Ако сметате дека мачка или куче ви се преголема одговорност, тогаш рипче или желка ви се одлична алтернатива. Ако живеете сами, ова ќе ви биде вистинско освежување.

7. Поставете нов декор на работната маса

Постојано ги гледате истите работи секој ден додека работите – време е за промена. Купете некои нови слатки додатоци и преуредете.

8. Променете ја утринската рутина

Без разлика дали ќе станувате навистина рано, ќе започнете да доручкувате или ќе одите на трчање, променете го начинот на кој се будите. Тоа ќе ви биде индикатор за текот на остатокот на денот.

9. Дотерајте се

Облечете ја омилената облека, нашминкајте се, средете ги ноктите или само ставете некој добар парфем и малку накит (часовник, белегзија или нешто друго) и веднаш ќе се чувствувате посамоуверено.

10. Направете мала коктел забава

Без разлика дали сакате да поканите неколку пријатели или повеќе луѓе, домашна забава е одличен начин за да се наполните со позитивна енергија. Сѐ што ви е потребно се коктели и добро друштво.

11. Насмејте се слатко

Гледајте некое смешно јутуб видео или слушајте стенд ап комедија (од срце го препорачуваме Марјан Ѓорѓиевски). Ветуваме дека инстантно ќе се расположите и ќе го размрдате денот.

12. Почестете се со нешто посебно

Ништо не е поосвежувачко од мал шопинг кој одамна го чекате. Купете си го она што го сакате и веднаш ќе почувствувате како ве обзема среќа.

13. Слушнете се со стар пријател кој одамна го немате видено

Јавете се и прашајте дали се расположени за кафе. Ако се сложите да излезете, мали напливи на среќа и носталгија ќе се измешаат во вас и ќе ви го направат денот 100 пати поубав. 

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
7 бон-тон правила за во ресторан и на свечени настани Ако сте на свечен настан со шведска маса, едната рака секогаш нека ви биде слобо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg