Кои луѓе се посреќни - тие кои си ги ценат парите или времето?

Да, парите можат да купат среќа, но тоа не значи дека парите се сѐ. Едно неодамнешно истражување открива дека луѓето кои повеќе го ценат времето отколку парите имаат тенденција да бидат посреќни.

vreme-ili-pari-shto-ne-usrekjuva-povekje-001.jpg

Од друга страна пак, во истражување од 2010-та се вели дека како што луѓето заработуваат пари, така нивната среќа расте, сѐ додека не заработат $75.000 долари.

Истражувачите на UCLA и Вортон сакале да го истражат ова уште подлабоко и да видат како времето влијае на резулатите. Исто така сакале да ја видат среќата низ призмата на што луѓето сакаат, а не што веќе имаат.

За да го дознаат ова, тие извеле низа експерименти и анкети на преку 4.400 испитаници. Тие откриле дека 2/3 од тие испитаници рекле дека преферираат пари, наместо време. Еве што велат тие:

„Во истражувањето, прашавме стотици Американци дали ќе изберат пари или време. Иако голем дел од луѓето избраа пари, одбирањето повеќе време било клучно за повеќе среќа – дури и кога ги контролирале веќе постоечките нивоа на слободно време и пари. Дополнителните истражувања и експерименти обезбедуваат внатрешни информации во рационалната и предизвикувачката насока од ваквиот резултат.

Можеби луѓето кои сакаат повеќе време веќе имаат доволно пари.“ - посочува новинарот Кристофен Инграм на Washington Post.

Со други зборови, дали среќата има помала функција во посакување време или поголема функција во акумулирање пари?

Хал Хершфилд – еден од главните автори на истражувањето, вели дека и кога ја контролирале количината на пари кои луѓето веќе ја поседувале, пак го виделе истиот ефект:

„Така што статистички ги контролиравме веќе постоечките нивоа на богатство, покажуваме дека изборот на време во однос на парите има позитивен ефект на среќа за разлика од оној на богатството.“

Што значи, како што посочува Хершфилд, можноста за посакување богатство не е отфрлена и е земена во предвид. Но, во секој случај треба да знаете дека парите можат да ве направат среќни, но на крај од денот тие се само алатка. Постојат многу поважни нешта кои се фактор за вашата среќа.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
8 сурови вистини од кои ќе научите многу за животот Ако не се борите за тоа што го сакате, не треба да плачете за тоа што ќе го изгу...
Жените го имаат главниот збор, мажите го земаат нивното презимe: Интересни факти за племето Кхаси од... Мажот во куќата доаѓа како домазет, целиот имот останува на најмалата ќерка, а а...
Навики на луѓето кои мудро ги трошат парите (и затоа се богати), низ илустрации Од мали нозе научиле дека нема потреба да трошат пари на храна што само ќе стои ...
Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...
Најчести грешки во различни земји поради кои локалците веднаш ќе сфатат дека сте туристи Во Јапонија не е културно да се јаде на улица, жените во Турција на прекрстуваат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg