Зошто на полначот за лаптоп има цилиндар? 4 работи кои не знаете за што служат

Човештвото секојдневно измислува нови и нови работи со кои си го подобрува и олеснува животот.

zosto-na-polnacot-za-laptop-ima-cilindar-4-raboti-koi-ne-znaete-za-sto-sluzat-001.jpg

Сепак постојат и такви кои речиси сите ги имаме но никогаш не сме ни помислиле за што се користат.

Од нитните на фармерките, до најгорните дупчиња на патиките, во продолжение еве уште неколку вакви „тајни“ намени.

Зошто кошулите имаат јамка за закачување на задниот дел?

Постојат неколку верзии за за овој елемент на кошулата. Според првата тој служи за таа да може да се закачи на закачалка. Според втората верзија, се верува дека овој елемент помагал во држењето на краватата.

Третата верзија е онаа најромантичната. Еден студент кој студирал на универзитет во Америка, кога започнал да се гледа со некоја девојка, ја пресекол јамката за останатите да знаат дека е зафатен, додека пак таа секој ден носела марама.

Raboti-cija-namena-voopsto-ne-ste-ja-znaele-02

Зошто на полначот за лаптоп има кружен цилиндар?

Сигурно сте го забележале овој елемент на полначот но никогаш не ви било јасно за што служи. Овој дел се нарекува феритно јадро и истиот ја отстранува можноста за мешање со кабелот за напојување. Неговиот дизајн е многу едноставен: во цилиндарот постојат феритни жици кои се поставени околу прстен.

Raboti-cija-namena-voopsto-ne-ste-ja-znaele-03

Зошто има дупка на лажиците за шпагети?

Дупката на лажицата за шпагети е направена со цел да се измери количината шпагети која ви е потребна за стандарден оброк. Секако постојат луѓе кои сакаат да јадат поголема или помала количина но сепак оваа „тајна“ функција на лажицата секако дека може да им биде од корист на сите.

Raboti-cija-namena-voopsto-ne-ste-ja-znaele-04

За што служи парчето текстил кое го добивате со новото парче облека?

Производителите го додаваат овој интересен елемент со цел за да можете да го исперете со посебни средства како што е белилото, на пример, за да знаете како облеката би реагирала.

Raboti-cija-namena-voopsto-ne-ste-ja-znaele-05

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 работи од кои треба да се откажете (за да живеете среќно) Откажете се од навиката судот на другите луѓе да ви диктира како да се однесуват...
8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
25 работи за животот што посакувам да ги знаев пред 10 години Парите не се важни – точно дека ви се потребни, но не се најважната работа во св...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
10-те најстари родилки во светот (некои имаат и над 70 години) Ерамати Мангама е најстарата родилка во светот која доби дете, односно близнаци,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg