10 животни промени низ кои поминува секоја жена кога ќе наполни 30 години

Жените низ целиот свет од сите култури го мразат стареењето, но тоа особено го мразат во нивните 30-ти години. Најголем број жени мислат дека кога ќе го прослават 30-тиот роденден ќе се случи драстична промена и сѐ ќе тргне наопаку.

10-zivotni-promeni-niz-koi-pominuva-sekoja-zena-koga-kje-napolni-30-godini-01

Ова и не е толку вистинито. Ако им веруваме на истражувањата, 30-тите се најдобар период за патувања и возраста кога станувате посвесни за себеси и станувате пооптимистични. Тогаш зошто 30-тите ги мразиме?

Одговорот се крие овие неколку причини:

1. Нема повеќе излежување во кревет

Честопати, жените во 30-тите се веќе во брак и понекогаш веќе со 1 или 2 деца. Иако ова е убаво, тоа сепак значи еден куп одговорности што значи дека нема време за излежување во кревет колку што тоа го правевте додека бевте тинејџерка и во 20-тите.


2. Фарбањето на косата не е по желба, туку не е неопходно

Во 20-тите постојано си ја фарбавте косата во необични и забавни бои за да бидете во тренд. Но, сега во вашите 30-ти, ова веќе станува неопходна навика, а не желба.

Голем број жени првите знаци на стареење ги покажуваат во 30-тите кога се појавуваат првите седи влакна. Со оглед на стресот со кој се соочуваме во денешново време, не е ништо чудно ако започнете редовно да се фарбате во 30-тите.


3. Женска вечер е права реткост

Ох колку ги обожувавте вечерите кога ќе си излезевте со вашите пријателки. Забавувајќи се во омилениот клуб сѐ до раните утрински часови...

Како што навлегувате во 30-тите голем дел од вашите пријателки и вие ќе морате да останете дома за да ги надгледувате децата и да ги заспиете. Ако сепак успеете некако да се договорите, ќе мора да го убедите вашиот сопруг да ги чува или да најдете дадилка за да имате мирна моќ.


4. Синдром на помлада симпатија

Не мора да значи дека ако сте во брак и со деца дека не смеете да имате симпатија. Тоа може да биде финото момче кое го сретнавте во кафулето или згодниот тип во вежбалната.

Сепак, срцекршачката реалност е дека кога веќе сте во 30-тите голем дел од вашите симпатии се помлади од вас, па затоа наместо да се чувствувате пријатно вие си ја мразите возраста, а и себеси.


5. Пијанките се невозможни

Кога имавте 20 години постојано одевте на пијанки. Сега, кога имате еден куп одговорности и задолженија, никако не смеете да претерате со пиење. Никако не можете да функционирате со мамурлак – без разлика дали тоа ви се допаѓа или не.


6. Намелен број на објави на социјалните мрежи

Во 20-тите постиравте за секој мал детаљ од вашиот живот – што правите, што јадете, како се чувствувате и сл. Сето тоа е оправдано за незрела девојка во своите 20-ти години.

Меѓутоа, на 30 треба да бидете зрели – што значи ваквите објави на социјалните мрежи треба да ги прескокнете.


7. Не би требало да побарате заем од вашите родители

Во 20-тите, вашите родители беа вашите ангели-чувари кои ви помагаа при секоја финансиска криза. Тие немаа никаков проблем да ви позајмат малку пари додека се снајдете.

Но, тие очекуваат дека во вашите 30-ти вие веќе сте комплетно способни сами (и успешно!) да раководите со вашите финансии. Освен ако сакате да ги слушате дека сте незрели иако веќе сте навлегле во 30-ката, ви предлагаме сами да најдете начин да ги решите финансиите.


8. Кежуал флерт? Не, благодарам.

Оние благословени денови кога можевте да одберете било кој тип што ви се допаѓа и да го откачите кога сакате се завршени. Сега, во вашите 30-ти од вас веќе почнува да се очекува да бидете со еден маж со кој ќе бидете во сериозна врска.


9. Планирање на пензионирање

Веќе сте на половина живот, но луѓето околу вас почнуваат да ве советуваат да почнете да си го планирате пензионирањето. Бидејќи животот е толку непредвидлив, потребно е со време да си ги средите ваквите работи.

Лошата страна е што тоа ќе направи да се чувствувате старо, а тоа секако дека ќе ви пречи.


10. Внимание! Стара мома.

Во случај да сте во 30-тите и сѐ уште да не сте мажени, можете да се „радувате“ на огромен број совети од семејството и пријателите.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Бизарните обичаи на африканското племе Хамар: Жената се камшикува за да докаже дека е достојна за бр... Пред да се ожени со неа, мажот ја камшикува жената, а таа не смее ни да заплаче,...
Корисни трикови што ги научивме во училиште, а ни служат за цел живот За разлика од новите генерации кои користат паметни табли и голем број надредни ...
Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg