До кога растат женските гради?

Големината на градите зависи од фактори како генетиката, тежината, годините, бременост, а промените во големината и обликот се случуваат во текот на целиот живот. Сепак, во одредена доба градите престануваат да растат.

do-koga-rastat-zhenskite-gradi-01.jpg

Големината на градите постојано се менува, а може да варираат дури и до една цела големина во корпата на градникот. На промената во големината на градите влијае и месечниот циклус.

Кај голем дел жени, градите потполно се развиваат 3 до 4 години по првата менструација, а процесот на растење завршува прилично рано.

Женските гради растат до доцните тинејџерски или рани 20-ти години, но промените во нивната големина и облик се случуваат во текот на целиот живот и тие се поврзани со промените на ткивото во градите. На тие промени влијаат и промените во хормоните, бременост, доење, здебелување или слабеење, менопауза и сл.“ – објаснува гинекологот Јасенка Грујиќ.

Во текот на бременоста градите растат и до неколку броеви, а ткивото може да се рашири многу, па можеби да не се врати во првобитна состојба. Освен тоа, и доењето може да има влијание врз промената на изгледот на дојките. Но, како и на кој начин зависи од ткивото и густината на дојките и промените во тежината.

Некои жени како последица од бременоста имаат големи гради, додека некои пак со текот на доењето им се смалуваат.

Генетиката игра најголема улога во големината и обликот на женските гради. Гените влијаат на нивото на хормони кои потоа влијаат на ткивото во градите одредувајќи ја густината и изгледот на кожата.

Генетските карактеристики можат да бидат наследени од двете страни на семејството.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 навики кои ни даваат сила и енергија во животот Запознаваме нови луѓе. Ги надминуваме своите стравови. Минуваме време со луѓе ко...
Девојчињата ги мажат на 13 години, жените немаат никакви права - Бизарните обичаи на народот Масаи Жените во ова племе служат за градење куќи и одгледување деца и стока, кога не с...
Работи што ќе ги разберат само оние кои живеат сами Многумина мислат дека оние кои живеат сами се многу осамени, но реалноста е мног...
Корисни трикови што ги научивме во училиште, а ни служат за цел живот За разлика од новите генерации кои користат паметни табли и голем број надредни ...
Работи кои не треба да ги правите во кревет пред спиење (го нарушуваат сонот) Пиете вода, гледате филм, работите … Кои се грешките што (веројатно) ги правите ...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg