Што нуди ресторанот кој е прогласен за најдобар за 2016-та година? (видео)
Лоциран во Модена, мало централно гратче на северна Италија, ресторанот „Osteria Francescana“ беше прогласен за „Најдобар ресторан во светот“ на доделувањето на наградите за 50 најдобри ресторани на 2016-та година.
Неодамна, модната компанија Mr Porter реши да отпатува до Модена и да сними филм за тоа што се случува во овој ресторан.
Во видеото е интервјуиран и главниот готвач на „Osteria Francescana“, Масимо Ботура.
А, меѓу другото ќе имате можност и да погледнете каква филозофија стои зад најдобриот ресторан на светот, местото кое Масимо го дефинира како „лабораторија на идеи, инспирирани од културата“.
Отпатувајте до Модена и погледнете како изгледа најдобриот ресторан на светот:
Н. Г. | Црнобело