Германски град во кој ништо не се изменило од 1520 година

Изнајмувањето стан секако дека не е евтино каде и да отидете, но во овој интересен град тоа можете да го направите за само 88 центи и ова не се сменило веќе 500 години.

germanski-grad-vo-koj-cenite-voopsto-ne-se-promenile-od-1520-godina-01.jpg

Се вели дека градот бил основан од богатиот банкар Фугереи во 1520 година за да им помогне на оние на кои им бил потребен покрив над главите.

Но, сепак како годините поминувале, традицијата останала иста: сега 67 згради (147 станови) сместени во најстарата населба за социјално домување се издаваат по цена која тогаш била достапна за сите.

Секако, за да живеете таму мора да исполнувате некои услови: мора да бидете католик, да се молите три пати на ден и да бидете жител на блискиот град Аугсбург најмалку две години.

Старите куќи се слични на модерните градски куќи, така што секој потстанар си има сопствен влез.

Внатрешноста е едноставна, но сепак секој од становите е опремен со потребниот мебел.

Кујната најчесто е заедно со трпезаријата, додека бањата има сè што ви е потребно, вклучувајќи и машина за перење и бојлер.

И самата спална не е ништо луксузно, но сепак е сосема функционална и убава.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
Каква судбина имале децата на најголемите диктатори на светот и дали ги стигнала кармата на нивните ... Синот на Сталин се самоубил, синот на Чаушеску ширел блуд и разврат, а Мусолини ...
Милионери кои исчезнале под мистериозни околности (и не се најдени до денес) Во 2020-та, богаташката Мелиса од Австралија го напуштила нејзиниот дом во пет ч...
Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg