101 кратка животна лекција, од професор по психологија

Бред Филипс е професор по психологија во едно калифорниско училиште. Неговите предавања секогаш ги започнува со давање на листа...

101-kratka-zivotna-lekcija-od-profesor-po-psihologija-01.jpg

Оваа листа не е за некој од учениците да ја прочита на глас, туку одбрани начини како неговите ученици да се соочуваат со животот, стресот и тешкотиите.

Еве како изгледа неговата листа:

1. Стани 15 минути порано.

2. Подготви се за утрото уште од претходната ноќ.

3. Избегнувај тесна облека.

4. Избегнувај да се потпираш на хемикалии.

5. Одредувај ги состаноците однапред.

6. Не се потпирај на меморијата, запиши.

7. Вежбајте превентивно одржување на работите.

8. Направете си дупликат од клучевите.

9. Кажувајте „не“ почесто.

10. Одреди си ги приоритетите во животот.

11. Избегнувај негативни луѓе.

12. Мудро употребувај го времето.

13. Поедностави го времето кога јадеш.

14. Секогаш чувај копии од важните документи.

15. Предвиди си ги потребите.

16. Поправи сè што не работи како што треба.

17. Побарај помош за работите кои не ти се допаѓаат.

18. Големите задачи подели ги на помали.

19. Гледај на проблемите како на предизвик.

20. Гледај на предизвиците поинаку.

21. Расчисти си сè во животот.

22. Смеј се.

23. Подготви се за дожд.

24. Скокоткај мало детенце.

25. Погали туѓо куче, маче.

26. Не ги знај сите одговори.

27. Не се надевај секогаш на најдоброто.

28. Кажи нешто убаво на некого.

29. Научи некое дете како да вози велосипед.

30. Шетај додека врне.

31. Дај си време за игра секој ден.

32. Уживај во топла купка.

33. Биди свесен/на за одлуките кои ги правиш.

34. Верувај во себе.

35. Престани да си кажуваш негативни работи.

36. Замисли како победуваш.

37. Изгради ја својата смисла за хумор.

38. Престани да мислиш дека утре ќе биде подобар ден.

39. Имај цели само за себе, лични.

40. Танцува како да ти е последен пат.

41. Кажи „здраво“ на непозната личност.

42. Побарај прегратка од пријател.

43. Гледај во ѕвездите.

44. Вежбај бавно дишење.

45. Научи да си свиркаш некоја мелодија.

46. Прочитај поема.

47. Слушај некоја симфонија.

48. Гледај балетска претстава.

49. Читај приказна во кревет, под  јорган.

50. Направи нешто ново.

51. Откажи се од лоша навика.

52. Купи си цвеќе.

53. Дај си време да мириснеш цвеќе.

54. Пронајди поддршка во другите.

55. Побарај некој да ти биде „партнер за издишка“.

56. Денес, не утре.

57. Концентрирај се да бидеш во добро расположение.

58. Пред сè биди безбеден/на.

59. Прави сè умерено.

60. Внимавај на твојот изглед.

61. Цели кон извонредност, не перфекција.

62. Проширувај си ги границите, малку, секој ден.

63. Гледај во уметничко дело.

64. Потпевнувај си песна.

65. Одржувај ја тежината.

66. Засади дрво.

67. Нахрани птици.

68. Вежбај грациозност под притисок.

69. Застани и исправи се.

70. Секогаш имај план Б.

71. Научи нов техника за цртање.

72. Запамети шега.

73. Биди одговорен/на за твоите емоции.

74. Научи да си ги задоволуваш потребите.

75. Стани подобар слушател.

76. Знај ги твоите граници и кажи ги на другите.

77. Измисли си свој јазик.

78. Фрли хартиено авионче во воздух.

79. Вежбај секој ден.

80. Научи ги стиховите од нова песна.

81. Стигни на работа, порано.

82. Исчисти си го гардероберот.

83. Играј си со рацете со дете.

84. Оди на пикник.

85. Прошетај по различна патека до работа.

86. Замини си порано од работа (со дозвола).

87. Гледај филм и јади пуканки.

88. Напиши писмо до далечен пријател.

89. Оди на натпревар и врескај колку сакаш.

90. Зготви си јадење и јади го на светлина од свеќа.

91. Препознај ја важноста на безусловната љубов.

92. Запомни дека стресот е само став.

93. Води дневник.

94. Вежбај злобна насмевка.

95. Запомни дека секогаш имаш опции.

96. Имај мрежа од луѓе, места и работи кои ќе ти служат како поддршка.

97. Претани да се обидуваш да ги поправиш другите луѓе.

98. Спиј доволно.

99. Зборувај помалку, слушај повеќе.

100. Покажи колку ги цениш другите.

101. Релаксирај се... дај си време за одмор.

Оваа листа беше објавена на Твитер од страна на еден од учениците на Бред, Алина Рамирез и наскоро стана хит не само меѓу учениците, туку и меѓу многу други непознати лица кои ја споделија истата.

Бред вели: „Барам од учениците да одберат 5 точки и да се држат до нив. Мислам дека сме способни за многу, само треба да научиме како да се соочуваме со проблемите и стресот.“.

Се согласувате?

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
9 работи од кои треба да се откажете (за да живеете среќно) Откажете се од навиката судот на другите луѓе да ви диктира како да се однесуват...
25 работи за животот што посакувам да ги знаев пред 10 години Парите не се важни – точно дека ви се потребни, но не се најважната работа во св...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg