Пробајте да погодите: Мајка и син или дечко и девојка?
Со мазна кожа која свети, здрава коса и ниту една брчка на лицето, оваа 54-годишна дама е олицетворение на сонот на секоја средовечна жена.
Памела Џеј изгледа младо до степен што често и се случува да мислат дека нејзиниот 22-годишен син и е всушност момче.
Памела е самохрана мајка која со задоволство ги открива своите совети и трикови за нега и убавина.
Таа вели дека секојдневно практикува јога, здрава исхрана и пакување кокосово масло кое чини не повеќе од $18 долари.
„Луѓето често мислат дека лажам кога ќе им кажам колку години имам. Понекогаш се толку воодушевени, што морам да им ја покажам личната карта. Понекогаш и јас самата се гледам во огледало и не можам да поверувам дека имам 54!“
Нејзиниот ноќен ритуал вклучува четкање на телото, туширање, ексфолирање и мачкање на кожата со кокосово масло. Вели дека тоа и одзема по само 1 час од ноќта, но и делува како серум за вечна младост.
„Кокосовото масло го користам на се. На моето тело, на косата, во храната. Фантастично е, чини околу $18 долари и ми трае 6 недели. Навистина е чудо од продукт.
Исто така користам и различни козметички препарати. Не ги купувам често, но кога ќе купам нешто гледам да биде квалитетно и да трае долго време.
Секој ден користам СПФ фактор 50-ка на лицето. Сакам да се сончам и да посетувам солариум, но важно е да бидеш заштитен од УВ зраците.
Се обидувам да користам природни препарати без парабен колку што е можно почесто.
Органската храна исто така е заслужна за мојата младост. Обично подготвувам оброци со спанаќ, кељ, маслинки, краставици, домати, црвени пиперки и авокадо, со тиква и сончоглед, лосос, јајца или пилешко заради протеини.“
Резултатот од ваквиот начин на живот е следниов:
М. Д. | Црнобело