Една типична зима во Македонија, низ очите на девојка од Холандија

Деновите со екстремно високи температури конечно завршија, јеј! Есента почна и го сакам ова време од годината кога листовите менуваат боја и температурата се спушта до степен каде можеш да носиш удобни елеци и топли џемпери.

edna-tipicna-zima-vo-makedonija-niz-ocite-na-devojka-od-holandija-1.jpg

Но, кога живееш во Скопје, есента може да трае приличо долго.

Во изминатите неколку години немаше многу снег или температури под нулата. Но, ова е за Скопје, на планините е друга приказна.

Една работа која секогаш со нетрпение ја очекувам е зимската храна - зимница.

Луѓето тука исто така ја нарекуваат и ајвар сезона, едноставно заради најпопуларното јадење кое се подготвува во овој период од годината. Ќе го најдете во сите домови и се подготвува од благи црвени пиперки.

Од мирисот на печени пиперки ти доаѓа да си ја лизнеш устата, а се чувствува низ сите градови и села.

edna-tipicna-zima-vo-makedonija-niz-ocite-na-devojka-od-holandija-2.jpg

Има неколку варијации, некои рецепти се полути, други мешаат повеќе зеленчуци, како моркови и кромид.

Според мене, највкусниот начин да јадеш ајвар е на парче тазе леб со трошки бело сирење врз него.

edna-tipicna-zima-vo-makedonija-niz-ocite-na-devojka-od-holandija-3.jpg

Киселите краставички им се познати на сите луѓе во светот, но јас не бев запознаена со скиселен зеленчук додека не ја посетив Македонија.

Тука тоа го нарекуваат туршија и е популарен метод за скиселување на зеленчуците. Можете да најдете кисели моркови, карфиол, домати и секако, краставички. Но, кога ќе ги исечкате сите овие зеленчуци и ќе ставите малку масло и бибер во нив, тоа станува руска салата. Овој рецепт всушност се разликува од регион до регион.

edna-tipicna-zima-vo-makedonija-niz-ocite-na-devojka-od-holandija-8.jpg

Повеќето луѓе ја знаат втората варијанта на руската салата. Тука се работи за внимателно исечкани зеленчуци и месо, премачкани со мајонез. Може да исечкате моркови, компири, јајца, шунка, кашкавал, да додадете грашок и да измешате со мајонез. Секако, и киселите краставички може да се најдат во неа.

Оваа салата (не баш најздрава!) е многу популарна на прославите како родендени и зимски слави. Заради тешката текстура се смета како зимски специјалитет, но може да се набави во било кој период од годината.

edna-tipicna-zima-vo-makedonija-niz-ocite-na-devojka-od-holandija-4.jpg

Ова време од годината е исто така почеток на подготовките на киселата зелка. Зелката се става во буриња со вода и сол, а од време на време треба сето тоа да се промеша, за зелката да добие кисел вкус.

Кога зелката е целосно потопена и омекната, може да ја јадете како салата со црвен пипер.

edna-tipicna-zima-vo-makedonija-niz-ocite-na-devojka-od-holandija-5.jpg

Но, еден од моите поомилени зимски рецепти е сарма. Може да се прави од кисела или свежа зелка, па и лозов лист ќе заврши работа.

Еден лист зелка се полни со ориз и мелено месо и се витка. Исто така, и ова јадење има повеќе варијации. Некои додаваат чадено месо, сланина, шунка или сечкан зеленчук во оризот.

Сармата се прави во големи количини, па може да биде подгреана и јадена со денови во зима.

edna-tipicna-zima-vo-makedonija-niz-ocite-na-devojka-od-holandija-6.jpg

Веројатно сега сфаќате зошто го сакам овој период од годината - заради зимницата!


Авторката на текстот е Холанѓанка која е доселена во Македонија заради својата љубов.

Повеќе за нејзиниот живот во нашата земја може да пронајдете на нејзиниот БЛОГ.

Би можело да ве интересира:

Скриени цркви, чешми - 5 лековити места во Македонија Кога претходно објавивме за лековити места (манастири и цркви), потенциравм...
9 забавни илустрации кои покажуваат дека со стареењето гледаме поинаку на работите Конечно знаеме како да ги распределиме финансиите, избираме практични подароци, ...
8 секојдневни работи кои ни го празнат паричникот (а за нив има поевтина замена) Салата пакувана во кесичка, памук за чистење шминка, облека за специјални пригод...
Не јадел ништо 382 дена, пиел само течности и витамини и ослабел 125 kg – чудниот случај на маж од Ш... Во 1960-тите, Ангус од Шкотска имал 206 килограми. Сакајќи да се ослободи од нив...
За вашите принцови и принцези: Кралски имиња кои се популарни и во Македонија Елизабета, Дијана, Александар... Кои имиња со кралско значење се популарни кај н...
Ако некој се смее премногу - осамен ѐ: Психолошки состојби кои треба да ги препознаете Ако забележите дека некој спие повеќе од нормалното, прашајте го дали го мачи не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg