Игнорирањето е најдобра одмазда: Како интелигентните ги надминуваат озборувањата?

Постои една стара поговорка која вели: „Ако луѓето сакаат да ве поразат, тоа значи дека сте над нив“.

Ignoriranjeto-e-najdobra-odmazda-01.jpg

Во денешно време. кога сите се опседнати со успех, слава и моќ - моралот и правдата полека исчезнуваат, фер играта се претвора во апстрактна именка, а газењето преку сè за да се стигне до целта, станува потреба.

Суетата е дел од сечиј работен ден, а зависта и љубомората можат да се забележат од километар. Неправдата поминува неказнета, а добродушните луѓе не знаат што да прават и како да се однесуваат.

Кога на чесен начин, со работа и труд ќе ги надминете сите тие амбициозни и бескрупулозни суштества, тие ќе станат жедни за одмазда.

Ќе се обидат преку разни сплетки и озборувања да ве спуштат на нивно ниво и постојано ќе ве напаѓаат со двосмислени реченици.

Доколку ви се случи ова, треба да знаете само едно нешто – игнорирањето е најдобрата одмазда.

„Кога човек е игнориран, тој се прашува зошто е тоа така. Доколку ваквата повратна реакција ја предизвикал со очигледно лоша намера, нема да има мир“, изјавува психологот Елизабет Мајер.

„Одмаздата никогаш не е вистинскиот пат. Таа е како шума – лесно е човек да го изгуби правецот, да залута и да заборави од каде дошол“, додава таа.

Една стара поговорка вели: „Сè што е потребно за да се победи злото, е добриот човек да не преземе ништо“. Тоа се однесува на отсуството на реакција на туѓото зло.

Интелигентните луѓе ја користат одмаздата како оружје за сопствениот напредок, но тоа нема никаква врска со животот на другите луѓе и со сплетките.

Тие се одмаздуваат на следниве начини:

1. Говорат преку нивните дела

Не дозволувајте емоциите да управуваат со вашите постапки и не ја претворајте одмаздата во лична работа. Тоа ќе направи само да се чувствувате лошо подоцна. Затоа, правете го она кое најдобро го знаете, без озборувања, сплетки и непотребни разговори со оние кои не го заслужиле вашето внимание.

2. Не молчат само за да ги смират страстите

Не треба да им се попушта на манипулаторите кои прават сплетки и да им се угодува за да се одржи мирот и наводната хармонија во околината. Напротив, мудрите луѓе со помош на двосмислени реченици им даваат до знаење на тие личности дека знаат какви се и на тој начин им докажуваат дека не се слепи и дека нема да можат да ја повторат истата грешка без последици.

3. Не се изолираат

Повеќето луѓе откако ќе доживеат напад, особено од блиска личност, обично се повлекуваат во изолација. Но, злите луѓе токму тоа и го сакаат: Да се изолирате и повлечете како вие да сте виновни.

4. Не возвраќаат веднаш со напад

За да ја одбегнете етикетата која гласи „Нападот е најдобра одбрана“, оставете ги работите да мируваат некое време. Освен тоа, кога ќе се изнервирате и ќе го покажете вашиот гнев, ќе ги откриете вашите слабости и на тој начин ќе ја нахраните потребата на оној кој токму тоа сакал да го постигне.

5. Стануваат поуспешни

За лошиот човек нема ништо поболно од туѓата среќа. Тоа е уште една причина зошто интелигентните луѓе стануваат поуспешни кога некој ќе се обиде да ги повлече на дното.

Најлошото што можете да го направите е да возвратите со иста мера. Во тој случај, нема да бидете ништо подобри од оној кој ви нанел зло. Злото не може да се поправи со зло.

М. С. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

12 работи за кои жените веќе немаат нерви кога ќе наполнат 30 години Лоша храна и пијалаци – ако во 20-тите се трпеле евтини јадења и пијалаци, по 30...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
Фотки што ќе ве изнервираат: Ужасни патници во авион кои мислат само за себе Луѓе кои гледаат филмови без слушалки, па и луѓе кои јадат варени јајца во авион...
Верувате ли дека ангел чувар нѐ следи насекаде? Знаци дека е во близина и ве чува Некои луѓе веруваат дека нивниот ангел чувар е духовно суштество кое работи за н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg