Како да оставите добар прв впечаток во секоја ситуација?

Сите сакаме другите да нè оценат со „чиста 10-ка“, но понекогаш трудејќи се да оставиме добар впечаток, го правиме спротивното.

kako-da-ostavite-dobar-prv-vpecatok-vo-sekoja-situacija-001.jpg

Реалноста е, дека сè што е форсирано, не излегува онака како што очекуваме.

Затоа, доволно е да запомните 6 едноставни совети и да ги усвоите како навики, ако сакате да бидете добро проценети:

1. Фацијални експресии

Внимавајте какви гримаси правите додека разговарате. Запомнете дека гестовите и реакциите се важен дел од комуникацијата.

Подобрете ги фацијалните експресии така што никогаш нема да ги кревате веѓите, да ги спојувате и да го брчкате челото. Силно притиснатата уста како кога сте лути е уште еден минус.

kako-da-ostavite-dobar-prv-vpecatok-vo-sekoja-situacija-1.jpg

2. Паралелна поставеност

Ова е посебно важно при деловни состаноци и интервјуа.

Ако седнете некаде настрана, тогаш сметате дека имате споредна улога. Но, паралелната поставеност со „главниот“ во просторијата ве покажува како силна и самоуверена личност.

kako-da-ostavite-dobar-prv-vpecatok-vo-sekoja-situacija-2.jpg

3. Облека

Дури и да не зборувате, облеката ќе каже повеќе отколку што мислите.

Недостатокот на синхронизираност на боите, како и дречливите бои кои се тешки за гледање, ќе ви донесат само негативна реакција од страна на соговорникот.

kako-da-ostavite-dobar-prv-vpecatok-vo-sekoja-situacija-3.jpg

4. Украси

Помалку е повеќе. И ова е единственото правило до кое треба да се водите, без оглед на настанот или поводот.

kako-da-ostavite-dobar-prv-vpecatok-vo-sekoja-situacija-4.jpg

5. Коса

Косата може целосно да го уништи вашиот изглед или да го унапреди - златна средина нема.

Нечистата коса секако не доаѓа предвид, исто како и детските фризури без симетрија и сериозност.

kako-da-ostavite-dobar-prv-vpecatok-vo-sekoja-situacija-5.jpg

6. Шминка

Шминката е уште еден начин како може да го изразите најдоброто или најлошото од себе.

Зелената сенка, синиот туш и црвениот кармин дефинитивно ќе го имаат вториот, несакан ефект. Бирајте природни тонови кои се доволни за да ги истакнат вашите црти, а не да делувате како боенка.

kako-da-ostavite-dobar-prv-vpecatok-vo-sekoja-situacija-6.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
8 секојдневни работи кои (речиси) сите ги правиме погрешно Дали нанесувате маска или регенератор дури и на корените на косата? А, каде го с...
7 бон-тон правила за во ресторан и на свечени настани Ако сте на свечен настан со шведска маса, едната рака секогаш нека ви биде слобо...
„Губење“ време и уште 9 работи што сите треба да ги правиме почесто Денес, кога сè околу нас се случува пребрзо и неретко немаме ни време да здивнем...
Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...
12 трикови што треба да ги знаете – ќе ви го олеснат секојдневието За да не ви се „распадне“ кашкавалот додека го рендате, прво ставете го во замрз...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg