10 грешки заради кои не изгледате добро на фотките во пар
Дали сте забележале како славните парови секогаш изгледаат добро на фотографиите, без разлика дали се направени на црвениот тепих или сосема случајно?
Тоа е така затоа што тие добро знаат како да ги истакнат нивните силни страни во силуетата, а како да ги прекријат недостатоците.
Неколку трикови кои вреди да ги знаете за секогаш да правите одлични фотографии како пар:
1. Класичната поза - прегратка
Никогаш не си ги покривајте рацете и никогаш не ја наведнувајте главата. Внимавајте и на позицијата на грбот. Секогаш бидете исправени еден до друг.
2. Полу свртени лица еден кон друг
Подигнатите раце непотребно визуелно ги зголемуваат рамениците, а и прават да изгледате подебели. Рацете поставете ги доле и малку подисправете се.
3. Држење за рака
Навалувањето никогаш не е добра идеја. Бидете релаксирани и нежно држете ја раката на партнерот.
4. Допирање на рамото на партнерот
Не ја допирајте главата на рамото на партнерот за образот, бидејќи така визуелно изгледате поголеми и подебели во лицето. Нежно допирајте го рамото со брадата.
5. Свртени со десно рамо нанапред
Внимателно, не ја препокривајте раката на партнерот и секогаш стојте исправени. Главата треба да ви биде свртена право во камерата.
6. Поза каде едниот партнер седи
Никогаш целосно не се навалувајте на телото на партнерот, туку нежно допрете го и обидете се да не се навалувате нанапред, туку да бидете што е можно поисправени.
7. Бакнеж
Избегнувајте бакнеж во челото, туку лесно потпрете се еден кон друг. Девојката треба да гледа во камерата, а момчето да ја бакнува девојката на страна.
8. Свртени еден кон друг
Кога правите фотографија каде сте свртени еден кон друг, никогаш не си ги допирајте лицата.
9. Бакнежи
Кога се бакнувате внимавајте да не ви се допираат носовите, туку да се преклопуваат еден со друг.
10. Поза прегрнати
Не претерувајте и не го препокривајте едниот партнер и секако, внимавајте да бидете исправени.
Н. Г. | Црнобело